Најнови информации
Извештај за спроведена национална проценка на ризикот од перење пари и финансирање на тероризам од 2016 година
https://www.ufr.gov.mk/?p=2181
Извештај за спроведената проценка на ризикот од перење пари и финансирање на тероризам од 2020 година
https://www.ufr.gov.mk/?p=2187
Национална стратегија за борба против перење пари и финансирање на тероризам (2021 – 2024)
https://www.ufr.gov.mk/?p=2959
Упатство за вршење на проценка на ризикот од перење пари и финансирање на тероризам (кое има за цел да им помогне на субјектите во процесот во изготвување на интерната проценка на ризикот од ПП/ФТ, односно соодветно да ги идентификуваат, проценат, разберат и намалат ризиците од ПП/ФТ во работењето со своите клиенти)
https://www.ufr.gov.mk/?p=1849
Упатство за начинот на идентификување на вистинскиот сопственик (со цел да им помогне на субјектите да го разберат концептот на вистински сопственик и со тоа да ги почитуваат обврските кои произлегуваат од Законот)
https://www.ufr.gov.mk/?p=1852
Упатство за имплементација на мерките за спречување перење пари и финансирање на тероризам кон носителите на јавни функции
https://www.ufr.gov.mk/?p=1850
Упатство за постапување по финансиски рестриктивни мерки против тероризам и пролиферација
https://www.ufr.gov.mk/?p=1854
Соопштение за рестриктивната веб платформа, обврската за регистрирање на сите обврзани субјекти од член 5 од ЗСППФТ како и инструкции и упатсво за процесот на регистрација
https://www.ufr.gov.mk/?p=3126
Почитувани,
Управата за финансиско разузнавање во овој период интензивно спроведува активност за регистрација на субјектите на Рестриктивниот портал на Управата кој е интегрален дел од веб страната на Управата, кое регистрирање ќе биде од голема полза за субјектите при анализа на сомнителните трансакции и соработката со Управата.Имено во моментот акцентот е ставен на регистрацијата на Друштвата за сметководство,ТП-Овластените сметководители и ТП сметководителите. Управата со овој E-MAIL ВЕ ЗАДОЛЖУВА И ВИ ДАВА ИНСТРУКЦИИ ДА ГО ОБЈАВИТЕ ОВА НАШЕ ИЗВЕСТУВАЊЕ И СООПШТЕНИЕ НА ВАШАТА WEB СТРАНА И ДА ГО ПРОСЛЕДИТЕ УРГЕНТНО ПОДОЛУ ПРИЛОЖЕНИОТ E-MAIL до сите Друштвата за сметководство, ТП-Овластени сметководители и ТП сметководители кои се регистрирани во вашите Официјални Регистри за поднесување и добивање на пристап до Рестриктивниот портал на Управата.Веднаш по објавувањето на Известувањето на вашата Web страна за тоа задолжително треба да не известите по Е-mail. Исто така секој Петок до 14 часот е потребно да не известувате по E-mail за напредокот и бројот на доставени меилови од ИНСТИТУТОТ до Друштвата за сметководство, ТП-Овластените сметководители и ТП сметководителите во Ексел табела до целосно регистрирање и добивање на пристап на сите сметководители од вашите Официјални Регистри.
Со почит
Управа за финансиско разузнавање
Нов Предлог-закон за сметководствени работи со којшто се унапредува сметководствената професија е предложен од страна на Министерството за финансии и истиот вчера е усвоен на владина седница. Законот е изготвен низ инклузивен процес на консултации со сите засегнати страни, при што се прават клучни промени во насока на подигање на капацитетите и стручната подготвеност на сметководителите, со задолжително полагање испит за влегување во професијата, како и со зголемување на бројот на часовите за континуирано професионално усовршување (КПУ). Дополнително, Предлог-законот е во насока на либерализација на пазарот на организирање обуки за вршење сметководствени услуги, при што се овозможува влез на нови правни субјекти врз основа на претходно исполнети критериуми.
Институтот на сметководители и овластени сметководители информира дека Регистарот на овластени сметководители и Регистарот на сметководители се дополнети со носители на уверенија за кои е завршена постапката за упис, согласно Законот за вршење сметководствени работи.
Институтот на сметководители и овластени сметководители информира дека Регистарот на овластени сметководители и Регистарот на сметководители се дополнети со носители на уверенија за кои е завршена постапката за упис, согласно Законот за вршење сметководствени работи.
Почитувани,
Ве известуваме дека на ЕНЕР е објавен Предлог законот за вршење сметководствени работи.
Во продолжение следи линкот до Предлог законот.
Почитувани,
На ден 21.07.2021 во просториите на ИСОС се одржа седница на УО на ИСОС
Во прилог:
* Записник од седница
* Прилог на записник од седницата
Со почит,
ИСОС
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во мај 2021 година, во однос на мај 2020 година, изнесува 108.9.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (29.8 %), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (28.7 %) и Други услужни дејности (14.7 %).
Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (7.3 %), Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (5.6 %) и Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (5.5 %).
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во мај 2021 година изнесува 42 917 денари.