Испечатете ја страната

Индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари, март 2019

13 Мај 2019

Според податоците на Државниот завод за статистика, во март 2019 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се повисоки за 0.9 % на месечно ниво, а за 1.1 % на годишно ниво.

Во март 2019, во споредба со февруари 2019 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 2.4 % и во секторот Преработувачка индустрија за 0.8 %.

Во март 2019, во споредба со март 2018 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 10.8 %, а во секторот Преработувачка индустрија се повисоки за 2.5 %.