Листа на должници бр.05/2019 за долгови доспеани до 31.01.2018 и неплатени до 30.04.2019 година

13 Мај 2019

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.05/2019 за долгови доспеани до 31.01.2018 и неплатени до 30.04.2019 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е:
повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и повисок од 300.000 денари за правните лица.

Листата на должници се објавува на веб страницата на Управата за јавни приходи согласно член 9 од Законот за даночна постапка.
Управата за јавни приходи без согласност на даночниот обврзник на својата веб страница може да објави податоци заради исправка на непотполни информации кои се објавени во Листата на должници.
Доколку даночниот обврзник не се согласува со објавените податоци, Ве молиме да се обратите до:
Надлежната Регионална дирекција на УЈП (види контакт) - за објавените долгови по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход и придонеси од задолжително социјално осигурување;
Царинска управа на РСМ - Одделение за наплата на приходи, буџет, гаранции и анализа (тел.02/3293 978 или 02/3293 971) - за објавените долгови по основ на акцизи, царини и ДДВ при увоз.
На Листата на должници бр.5/2019 објавени се 1.934 должници - правни лица (повеќе за 75 од претходната листа) и 2.409 физички лица (повеќе за 183 од претходната листа).
Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.5/2019 изнесува 8.700.077.184 денари, помалку за 817.171.580 денари од претходната листа. Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 8.569.230.137 денари (помалку за 807.747.529 денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 130.847.047 денари (пoмалку за 9.424.051 денари од претходната листа).

08-2975/1_Листа на должници бр.05/2019_10.05.2019

ЗА НАС

Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија е професионално здружение на сметководителите и овластените сметководители, основано во согласност со Законот за вршење на сметководствена дејност. Институтот се основа со цел унапредување на сметководствената професија и организирано делување.

КОНТАКТ ИНФО

Ѓуро Стругар бр.5
(зграда Технометал Вардар)
кат 1, лок 132/133
1000 Скопје, Р. Македонија

+389 (0)2 3200030

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Жиро Сметка
Прокредит Банка
380-1771093051-38

НЛБ Тутнска Банка
210-0682971602-69