Нова мобилна апликација - Службен Весник

09 Јули 2019

Почитувани,

Јавното претпријатие Службен весник на Република Северна Македонија сака да Ве информира дека од неодамна, нашата услуга, е-базата на прописите со редакциски пречистени (консолидирани) текстови на закони, е достапна и како мобилна апликација. Цената за 12 месеци изнесува 4.500,00 денари, меѓутоа првата инсталација на мобилната апликација има промотивен период од три месеци без надоместок. Сметаме дека мобилната апликација е мошне потребна алатка за членовите на Вашата комора, кои постојано имаат потреба од следењето на националното законодавство.


*Сите активни претплатници на електронската база на прописите имаат можност за месечна претплата на мобилната апликација по цена од 150,00ден, меѓутоа и за нив важи бесплатниот период од првите три месеци од инсталирањето.
Се надеваме дека Вашите членки ќе го видат интересот за пробно инсталирање како и за понатамошна соработка, како наши претплатници. Инсталацијата е многу едноставна и се однесува само за андроид-телефоните: влезете на Вашиот телефон во Play Store, побарајте ЈП Службен весник на РСМ и инсталирајте ја апликацијата.
Чувствувајте се безбедни со нашата мобилна апликација и секогаш, покрај себе, имајте ја нашата електронска база на прописите.

Службен Весник на РС Македонија

ЗА НАС

Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија е професионално здружение на сметководителите и овластените сметководители, основано во согласност со Законот за вршење на сметководствена дејност. Институтот се основа со цел унапредување на сметководствената професија и организирано делување.

КОНТАКТ ИНФО

Ѓуро Стругар бр.5
(зграда Технометал Вардар)
кат 1, лок 132/133
1000 Скопје, Р. Македонија

+389 (0)2 3200030

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Жиро Сметка
Прокредит Банка
380-1771093051-38

НЛБ Тутнска Банка
210-0682971602-69