Стоковна размена со странство, јануари – август 2019

08 Октомври 2019

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – август 2019 година, изнесува 259 711 184 илјади денари и бележи пораст од 14.1 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – август 2019 година, изнесува 338 166 561 илјади денари, што е за 11.9 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари – август 2019 година, изнесува 78 455 378 илјади денари.
Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – август 2019 година, изнесува 76.8 %.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и моторните возила за превоз на 10 или повеќе лица, вклучувајќи го и возачот, со мотор со внатрешно согорување со палење со помош на компресија (дизел или полудизел). Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови) и керамичките производи за лабораториска, хемиска и индустриска употреба.
Во периодот јануари – август 2019 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Италија.

Стоковна размена изразена во евра и САД долари
Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – август 2019 година, изнесува 4 222 426 илјади евра и бележи пораст од 14.1 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 5 498 029 илјади евра, што е за 11.9 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – август 2019 година, изнесува 1 275 603 илјади евра.
Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – август 2019 година, изнесува 4 754 299 илјади САД долари и бележи пораст од 7.3 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 6 192 295 илјади САД долари, што е за 5.2 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – август 2019 година, изнесува 1 437 996 илјади САД долари.

ЗА НАС

Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија е професионално здружение на сметководителите и овластените сметководители, основано во согласност со Законот за вршење на сметководствена дејност. Институтот се основа со цел унапредување на сметководствената професија и организирано делување.

КОНТАКТ ИНФО

Ѓуро Стругар бр.5
(зграда Технометал Вардар)
кат 1, лок 132/133
1000 Скопје, Р. Македонија

+389 (0)2 3200030

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Жиро Сметка
Прокредит Банка
380-1771093051-38

НЛБ Тутнска Банка
210-0682971602-69