ПОВИК (СООПШТЕНИЕ)

22 Ноември 2019

Согласно член 8 и член 16 од Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица (Службен весник на РСМ, бр.133 од 28.06.2019 година), Управата за јавни приходи по службена должност во декември 2019 година ќе изврши враќање на дел од данокот на додадена вредност на трансакциска сметка на граѓаните-корисници на апликацијата МојДДВ.

За таа цел, за да може да се изврши точно и непречено враќање на данокот, Управата за јавни приходи ги повикува граѓаните кои ја користат апликацијата МојДДВ, да извршат проверка на внесените податоци за трансакциска сметка или доколку не е внесена истата да ја внесат во апликацијата МојДДВ за да им се изврши враќањето на данокот.

Напоменуваме дека корисниците на апликацијата Мој ДДВ треба да внесат лична трансакциска сметка, во спротивно нема да може да се изврши враќање на данокот.

ЗА НАС

Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија е професионално здружение на сметководителите и овластените сметководители, основано во согласност со Законот за вршење на сметководствена дејност. Институтот се основа со цел унапредување на сметководствената професија и организирано делување.

КОНТАКТ ИНФО

Ѓуро Стругар бр.5
(зграда Технометал Вардар)
кат 1, лок 132/133
1000 Скопје, Р. Македонија

+389 (0)2 3200030

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Жиро Сметка
Прокредит Банка
380-1771093051-38

НЛБ Тутнска Банка
210-0682971602-69