МЕРКИ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА И ЗАШТИТА НА СМЕТКОВОДИТЕЛИТЕ И НИВНИТЕ КЛИЕТНИ

23 Март 2020

Согласно препораките, одлуките и мерките од надлежните здравствени институции во земјата и странство поврзани со актуелната состојба со COVID19 (Корона вирус),

Ве информираме дека Управниот одбор на Институтот предложи мерки за превенција и заштита на сметководителите и нивните клиенти:

Пристапот во вашите деловни канцаларии, доколку сте во можност остварете го исклучиво преку граничен пулт (шалтерски систем), без дозволен пристап во внатрешноста на деловните простории,
При пристап на граничниот пулт носете заштитни маски и ракавици, задолжително користете ги геловите за дезинфекција на раце и држете растојание минимум 1,5 до 2,00 м
Препорачуваме комуникацијата да бидат по електронски пат – користете телефонска и e-mail коресподенција
Пред да доставувате/примате документација задолжително информирајте се за актуелните услови за соработка,
Приватни посети како и посети кои не се од есенцијално значење за работата да не бидат дозволени
Користете ги курирските служби доколку постојат во вашето место на работа
Скратете го работното време

Овие правила добро е да бидат актуелни веднаш (ако досега не сте ги применувале) и да бидат во сила се додека важат препораките на надлежните институции.

За доброто на сите, следете ги и почитувајте ги препораките и мерките за заштита на надлежните институции !

 

Со почит,
ИСОС

ЗА НАС

Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија е професионално здружение на сметководителите и овластените сметководители, основано во согласност со Законот за вршење на сметководствена дејност. Институтот се основа со цел унапредување на сметководствената професија и организирано делување.

КОНТАКТ ИНФО

Ѓуро Стругар бр.5
(зграда Технометал Вардар)
кат 1, лок 132/133
1000 Скопје, Р. Македонија

+389 (0)2 3200030

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Жиро Сметка
Прокредит Банка
380-1771093051-38

НЛБ Тутнска Банка
210-0682971602-69