НАЧИН НА ПРЕДВРЕМЕНО ПЛАЌАЊЕ НА МЕСЕЧНИ АКОНТАЦИИ НА ДАНОКОТ НА ДОБИВКА (МДБ) ЗА 2020 ГОДИНА

24 Март 2020

До Управата за јавни приходи, доставени се прашања од даночни обврзници во насока на предвремено плаќање на месечните аконтации за данок на добивка (МДБ) за 2020 година, имајќи го предвид развојот на состојбите од ширењето на Ковид-19 (корона вирус) во Република Северна Македонија, а со цел придонес за поголема ликвидност на Буџетот на Република Северна Македонија.

Управата за јавни приходи ги информира сите даночни обврзници кои во духот на општествено одговорно работење однапред сакаат да ги уплатат аконтациите на данок на добивка за 2020 година, дека истото може да го сторат со пресметување на годишниот износ на обврската согласно евиденциите кои ги водат и исплатата да ја извршат на сметка (840-ххх-01076 и П.Ш. 711212). Предвремената уплата ќе се пребива со износот на месечните обврски по основ на данокот на добивка (МДБ) кои ќе бидат генерирани на месечно ниво.

ЗА НАС

Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија е професионално здружение на сметководителите и овластените сметководители, основано во согласност со Законот за вршење на сметководствена дејност. Институтот се основа со цел унапредување на сметководствената професија и организирано делување.

КОНТАКТ ИНФО

Ѓуро Стругар бр.5
(зграда Технометал Вардар)
кат 1, лок 132/133
1000 Скопје, Р. Македонија

+389 (0)2 3200030

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Жиро Сметка
Прокредит Банка
380-1771093051-38

НЛБ Тутнска Банка
210-0682971602-69