ЗАВРШИ ТРОДНЕВНАТА ОНЛАЈН КОНФЕРЕНЦИЈА

16 Јуни 2020

Почитувани членови на Институтот,

Ве известуваме дека вчера 15 Јуни 2020 година во попладневните часови заврши тридневната Конференција на тема „Актуелни предизвици за сметководството и професионалното усовршување во услови на пандемија„.
Во првиот дел од конференцијата главна теме беше „Обезвреднувањето на средствата и примената на МСС 36„ кој се покажува дека станува се поактуелен за примена. Се зборуваше за тоа кои се барањата според МСС 36 и секција 27 од МСФИ за МСЕ и кои се нивните суштински разлики. Со практични примери предавачот успеа да ги приближи барањата на овој стандард во услови на пандемија, кога генерално субјектите се соочени со драстичен пад на приходите зголеми трошоци и со тоа дека се соочени со извесна потреба постријки и опрема да бидат обезвреднети.


Во вториот дел акцент се стави на даночните и сметководствените аспекти на финансиските поддршки од страна на владата дадена на работодавачите - деловните субјекти, афектирани од кризата со Ковид-19 како и донациите дадени на буџетските корисници за полесно справување со пандемијата. На крајот беше дадено и кратко резиме дека станува неопходно креирање на нова иднина за сметководителите согласно новонастанатата состојба предизвикана од кризата и пандемијата од Ковид – 19 и дека веројатно започнува нова Ера со нова реалност која веројатно ќе се покаже како неопходна потреба од имплементација на процес кој ќе гарантира приближно апсолутна безбедност за сметководствената евиденција и документација преку целосна контрола и мониторинг на тие процеси.

Подолу можете да ја најдете презентацијата од вториот дел на конференцијата, а останатите презентации и Заклучок од конференцијата дополнително ќе бидат објавени

 

Даночни и сметководствени аспекти на Финансика поддршка на деловни субјекти афектирани од Ковид 19

 

Со почит,
ИСОС





ЗА НАС

Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија е професионално здружение на сметководителите и овластените сметководители, основано во согласност со Законот за вршење на сметководствена дејност. Институтот се основа со цел унапредување на сметководствената професија и организирано делување.

КОНТАКТ ИНФО

Ѓуро Стругар бр.5
(зграда Технометал Вардар)
кат 1, лок 132/133
1000 Скопје, Р. Македонија

+389 (0)2 3200030

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Жиро Сметка
Прокредит Банка
380-1771093051-38

НЛБ Тутнска Банка
210-0682971602-69