ПРОСЕЧНА МЕСЕЧНА ИСПЛАТЕНА НЕТО-ПЛАТА ПО ВРАБОТЕН, АПРИЛ 2020 ГОДИНА

23 Јуни 2020

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во април 2020 година, во однос на април 2019 година, изнесува 104.2. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Образование (12.0 %), Други услужни дејности (6.9 %) и Дејности на здравствена и социјална заштита (6.4 %).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (9.0 %), Стручни, научни и технички дејности (6.9 %) и Транспорт и складирање (6.6 %).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во април 2020 година, изнесува 25 830 денари.

ЗА НАС

Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија е професионално здружение на сметководителите и овластените сметководители, основано во согласност со Законот за вршење на сметководствена дејност. Институтот се основа со цел унапредување на сметководствената професија и организирано делување.

КОНТАКТ ИНФО

Ѓуро Стругар бр.5
(зграда Технометал Вардар)
кат 1, лок 132/133
1000 Скопје, Р. Македонија

+389 (0)2 3200030

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Жиро Сметка
Прокредит Банка
380-1771093051-38

НЛБ Тутнска Банка
210-0682971602-69