Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во второто тримесечје од 2020 година номинално опаѓа за 9.9 %, а нејзиното учество во структурата на брутодомашниот производ изнесува 70.6 %.
Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се намали за 32.0 %, а увозот на стоки и на услуги забележа намалување во номинален износ од 30.2 %.