ИНДЕКСИ НА ТРОШОЦИТЕ НА ЖИВОТ И НА ЦЕНИТЕ НА МАЛО, АВГУСТ 2020 ГОДИНА

09 Септември 2020

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во август 2020 година, во однос на претходниот месец, изнесува 100.5, а индексот на цените на мало изнесува 100.8.

Пораст на индексите на трошоците на животот во август 2020 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај сушениот зеленчук, другиот конзервиран и преработен зеленчук за 0.7 %, млекото за 0.5 %, оризот за 0.4 %, пивото за 0.3 %, сирењето и урдата за 0.2 %.

Во август, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот, е забележан и кај електричната енергија за 7.4 %, информатичката опрема за обработка на податоците за 1.6 %, фармацевтските производи за 1.3 %, гасот за домаќинствата, моторните возила за 1.2 %, одржувањето и поправката на сопствените превозни средства за 1.1 %, ткаенините за изработка на облека, услугите за рекреација и спорт за 1.0 %, игрите, играчките и хобијата за 0.9 %, терапевтските помагала и опремата за 0.8 %, медиумите за снимање, канцеларискиот материјал и материјалите за цртање, накитот, часовниците и рачните часовници за 0.6 %, услугите за одржување и поправки на живеалиштето, другите услуги за опрема за сопствен превоз за 0.5 %, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти, електричните апарати за лична хигиена за 0.4 %, материјалите за одржување и поправки на живеалиштето, теписите и другите подни покривки, малите електрични апарати за домаќинствата, стоматолошките услуги, фризерските салони и центрите за разубавување за 0.2 %.

Намалување на индексите на трошоците на животот во август 2020 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежото и разладеното овошје за 2.7 %, свежиот и разладениот зеленчук освен компири и другите коренести производи за 0.6 %, месото, јајцата за 0.4 %, маслото и маснотиите за 0.2 %.

Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај обувките за 1.8 %, горивата и мазивата за сопствени превозни средства за 1.1 %, велосипедите за 0.9 %, облеката, градините, растенијата и цвеќињата за 0.6 %, течните горива за домаќинствата за 0.2 %.

ЗА НАС

Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија е професионално здружение на сметководителите и овластените сметководители, основано во согласност со Законот за вршење на сметководствена дејност. Институтот се основа со цел унапредување на сметководствената професија и организирано делување.

КОНТАКТ ИНФО

Ѓуро Стругар бр.5
(зграда Технометал Вардар)
кат 1, лок 132/133
1000 Скопје, Р. Македонија

+389 (0)2 3200030

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Жиро Сметка
Прокредит Банка
380-1771093051-38

НЛБ Тутнска Банка
210-0682971602-69