С О O П Ш Т Е Н И Е

14 Септември 2020

Почитувани колеги, со ова соопштение сакаме да дадеме појаснување во врска одлуките и Tарифникот за висината на надоместоци кои ги наплатува Институтот на сметководители и овластени сметководители на РМ.


Во тек на 2016 година одржани се 3 (три) седници на Собранието на Институтот на сметководители и овластени сметководители на РМ, на кои се донесени актите за работа на Институтот. Првата на 21.07.2016 година кога се донесени и усвоени сите акти веќе објавени на веб страната на Институтот. На таа седница е донесена и Oдлука за висината на чланарина и надоместоци. Втората седница е одржана на 24.08.2016 година на која е донесена Oдлука за именување на нови членови на Надзорниот одбор. Третата седница на Собранието беше свикана заради донесување на Одлука за утврдување на висината на месечната чланарина и надоместоци по која беше потребно да се подготви Тарифник за висина на надоместоците. На седницата која се одржа на 16.11.2016 година, донесена е именуваната Одлука и Тарифникот, со што претходната Одлука за висината на чланарина и надоместоци од 21.07.2016 година е ставена вон сила. Владата на Република Македонија на ден 21.12.2016 година со Одлука број 42-8345/1 даде согласност на Тарифникот за висина на надоместоците заведен под број 03-07 од 16.11.2016 година. Одлуката за давање на согласност беше објавена во ,,Службен весник на РМ’’ бр.222/2016 и истата стапи на сила наредниот ден од нејзиното објавување.
Напоменуваме дека во врска со висината на надоместоците тоа единствен тарифник кој е на сила.

Управен одбор,
Институт на сметководители
и овластени сметководители

ЗА НАС

Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија е професионално здружение на сметководителите и овластените сметководители, основано во согласност со Законот за вршење на сметководствена дејност. Институтот се основа со цел унапредување на сметководствената професија и организирано делување.

КОНТАКТ ИНФО

Ѓуро Стругар бр.5
(зграда Технометал Вардар)
кат 1, лок 132/133
1000 Скопје, Р. Македонија

+389 (0)2 3200030

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Жиро Сметка
Прокредит Банка
380-1771093051-38

НЛБ Тутнска Банка
210-0682971602-69