Испечатете ја страната

ИЗВЕСТУВАЊЕ

10 Ноември 2020

Управата за јавни приходи на РСМ на системот Е-даноци денес (10.11.2020) ги објави обрасците за финансиска поддршка за исплата на плати, чиј законски утврден рок за поднесок е 10.11.2020 година.
Во таа насока Институтот на сметководители и овластени сметководители известува дека, поради задоцнетото објавување на обрасците/барањата за финансиска поддршка за исплата на плати на работниците на системот Е-даноци како и соочување со технички проблеми и неможност да ги реализираат апликациите во системот, кај голем дел од лиценцираните друштва за вршење на сметководствени работи и овластените сметководители ќе настане доцнење при доставувањето на истите.

Со почит,
ИСОС