ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА РЕГИСТРИТЕ НА ПРАВНИ ЛИЦА

02 Февруари 2021

Институтот на сметководители и овластени сметководители на РМ информира дека Регистарот на друштва за вршење сметководствени услуги и Регистарот на ТП – овластени сметководители се дополнети со правните субјекти кои се стекнаа со правото за добивање на лиценца за работа согласно Законот за вршење на сметководствени работи и кои се запишани во соодветните регистри.

Лиценците за работа може да се подигнат во просториите на Институтот на сметководители и овластени сметководители ( ул. Ѓуро Стругар бр.5 кат 1, лок 132/133 ), секој работен ден во периодот од 9 до 16 часот.

Ве молиме при подигање на лиценците задолжително да приложите овластување од одговорното лице на правното лице уредно потпишано и заверено со печат. И во случај кога лиценцата ја подигнува одговорното лице на правното лице, подигнувањето мора да биде заверено со печат на правниот субјект.

 

Регистар на Друштва за вршење сметководствени работи
Регистар ТП Овластен Сметководител
Регистар ТП Сметководител

 

Со почит,

ИСОС

ЗА НАС

Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија е професионално здружение на сметководителите и овластените сметководители, основано во согласност со Законот за вршење на сметководствена дејност. Институтот се основа со цел унапредување на сметководствената професија и организирано делување.

КОНТАКТ ИНФО

Ѓуро Стругар бр.5
(зграда Технометал Вардар)
кат 1, лок 132/133
1000 Скопје, Р. Македонија

+389 (0)2 3200030

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Жиро Сметка
Прокредит Банка
380-1771093051-38

НЛБ Тутнска Банка
210-0682971602-69

 

Веб-страницата на ИСОС користи колачиња (cookies). Колачињата (cookies) се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство. Повеќе информации за начинот на користење и како да ги промените Вашите подесувања за користење на колачињата, може да најдете во документот Политика за колачиња (cookies).