ВАЖНО СООПШТЕНИЕ ЗА СМЕТКОВОДИТЕЛИТЕ !

17 Февруари 2021

ИСОС ГИ ИЗВЕСТУВА СМЕТКОВОДИТЕЛИТЕ И НИВНИТЕ КЛИЕНТИ ЗА ЗАКОНСКАТА ОБВРСКА ЗА УПИС НА ВИСТИНСКИТЕ СОПСТВЕНИЦИ ВО РЕГИСТАРОТ ЗА ВИСТИНСКИ СОПСТВЕНИЦИ

ИСОС ги известува сите правните лица кои вршат сметководствени услуги, овластените сметководители и сметководители (во понатамошниот текст: сметководители) и нивните клиенти за законската обврска за запишување на вистински сопственик во Регистарот на вистински сопственици во законски предвидениот рок до 27.04.2021 година. Должности на субјектите за идентификување и потврдување на вистински сопственик на клиентите со кои воспоставуваат деловни односи и постапувањето на сметководителите како регистрациони агенти а во врска со Регистарот на вистинските сопственици и нивните должности

Согласно одредбите на Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам – ЗСППФТ (Службен весник на РМ 120/2018 и Службен весник на РСМ бр.275/2019 и 317/2020), Централниот регистар на 27.01.2021 година го пушти во употреба Регистарот на вистински сопственици.

Со тоа, започна да тече рокот од 90 дена за пријавување на податоците за вистинските сопственици во Регистарот на вистински сопственици. Уписот во законскиот рок е без надомест.

 

  1. За регистарот на вистински сопственици и чувањето и поднесувањето на податоци за Вистинскиот сопственик

 

Регистар на вистински сопственици е информациски систем кој овозможува прием, евидентирање, обработка, чување и размена на податоци и/или документи за вистински сопственици во електронска форма и се воспоставува заради обезбедување на транспарентност на сопственичката структура на правните субјекти. Централниот регистар на Република Северна Македонија го воспоставува, води, одржува и управува со регистарот.

Согласно ЗСППФТ, обврска за поседување и чување на податоци и документи за вистинскиот сопственик имаат субјектите на упис во регистрите кои се водат при Централниот регистар и тоа:

  1. трговски друштва, трговец поединец, самостојни вршители на дејност, подружници и филијали на странски трговски друштва и странски трговец поединец;
  2. здруженија, сојузи, фондации, комори, синдикати, политички партии, задруги, верски заедници или други организации;
  3. нотари, адвокати и други лица кои вршат јавни овластувања;
  4. буџетски корисници;
  5. правни лица во државна сопственост и
  6. правни лица во постапка на стечај или ликвидација.

Горенаведените субјекти се должни да поседуваат и чуваат адекватни, точни и ажурни податоци и документи за:

а) вистинскиот сопственик/ци и тоа:

  1. 1. име и презиме;
  2. адреса на живеалиште, односно престојувалиште;
  3. ден, месец и година на раѓање;
  4. единствен матичен број или друг идентификациски број и податок за видот, бројот,

издавачот, државата и датумот на издавање на документот за идентификација;

  1. државјанство и
  2. податоци за видот и обемот на вистинската сопственост.

б) сопственичката структура, а трговските друштва и податоци за уделите, влоговите или друга форма на учество во сопственоста на друштвото.

 

Дополнително, нотарите, адвокати и други лица кои вршат јавни овластувања, буџетските корисници; правните лица во државна сопственост и правните лица во постапка на стечај или ликвидација е потребно да чуваат податоци само за горенаведената точка а).

 

  1. Внесување на податоци за вистинскиот сопственик

Горенаведените субјекти со исклучок на трговци поединци, лица кои вршат јавни овластувања, буџетски корисници, правни лица во државна сопственост и правни лица во постапка на стечај и ликвидација и самостојни вршители на дејност, ги внесуваат податоците за нивните вистински сопственици во регистарот во рок од осум дена од уписот на основањето на деловниот субјект во соодветниот регистар или во рок од осум дена од промената на податоците за вистинскиот сопственик.

 

2.1 Поднесување на податоци во регистарот

Овластеното лице за застапување и претставување на правниот субјект е должно да ги внесе податоците во регистарот, истите може да овластат друго лице во нивно име да ги внесе податоците (регистрационен агент или било кое друго лице кои ги исполнува условите согласно Законот за едношалтерски систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица) за нивните вистински сопственици, како и податоците за промените на вистинските сопствениците во регистарот, но сепак правните субјекти се одговорни за точноста, адекватноста и ажурноста на податоците внесени во регистарот.

 

  1. Разликувањето на обврските на правните лица и трговци поединци кои даваат сметководствени услуги кога постапуваат како регистрациони агенти и субјекти во смила на ЗСППФТ

Согласно член 2 став (1) точката 12-а од  Законот за едношалтерски систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица се пропишува дека Регистрационен агент е трговец поединец или трговско друштво кое е регистрирано за вршење на сметководствена дејност, адвокат и адвокатско друштво кои имаат овластување за поднесување пријава за упис преку Системот за е-регистрација.

Согласно член 5 од Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам се пропишуваат субјектите кои се лицата кои имаат обврска да ги преземаат мерките и дејствијата за откривање и спречување на перење пари и финансирање на тероризам предвидени со овој закон, а согласно член 5 став (1) со точките 1) и 2) се опфатени правните лица и трговци поединци кои даваат сметководствени услуги.

Оттука, од особено значење е разликувањето на активностите кога регистрационите агенти ги вршат активностите на регистрација со активностите на примена на мерките и дејствијата за спречување перење пари и финансирање на тероризам

 

3.1.Кога како сметоводител/овластен сметководител единствено како регистрациони агенти

Согласно член 35-б од Законот за едношалтерски систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица се пропишува дека регистрациониот агент трговец поединец и трговско друштво, како сметоводител/овластен сметководител, вршат електронско поднесување на пријавата за упис на основање на трговец поединец, друштво со ограничена одговорност и друштво со ограничена одговорност на едно лице.

Согласно член 35-б став (3) од истиот член се пропишува дека Регистрациониот агент од ставовите (1) и (2) на овој член го утврдува идентитетот на учесниците во постапката за регистрација, вистинитоста на потписите на прилозите кон пријавата за упис и истите ги заверува со свој дигитален потпис.

Согласно член 26 став (3) од ЗСППФТ Регистрациониот агент или администраторот на регистарот во постапката на упис е должен да го запознае правниот субјект за обврската за задолжително запишување на податоците за вистинскиот сопственик.

Согласно член 27 став (3) од ЗСППФТ се пропишува дека правните субјекти (кои имаат обврска да внесат податоци во регистарот) се одговорни за точноста, адекватноста и ажурноста на податоците внесени во регистарот.

Воедно, согласно ЗСППФТ предвидена е глоба во износ од 5.000 до 10.000 евра во денарска противвредност за прекршок на правниот субјект, доколку не поседува и чува адекватни, точни и ажурни податоци за вистинскиот сопственик, како и глоба во износ од 30% од одмерената глоба на правниот субјект за одговорното лице во правниот субјект.

3.2 Кога сметководителите во смисла на ЗСППФТ постапуваат и преземаат активности со кои се субјекти и имаат обврска да применуваат мерки и дејствија за спречување перење пари и финансирање на тероризам.

 

Идентификувањето на вистинскиот сопственик претставува мерка и дејствије за спречување перење пари и финансирање на тероризам. Како таква мерка воведена е со Законот за спречување на перење пари и други приноси од казниво дело и финансирање на тероризам од 2008 година.

 

Оттука, правните лица и трговци поединци кои даваат сметководствени услуги се субјекти во смисла на ЗСППФТ согласно член 5 од истиот и имаат обврска за преземање на мерки и дејстивја за спречување перење пари и финансирање на теориризам.

Мерките и дејствијата за спречување перење пари и финансирање тероризам се припишани со членот 8 од ЗСППФТ. Имено, идентификација на вистинскиот сопственик и преземање на соодветни мерки за потврдување на неговиот идентитет, со користење на документи, податоци и информации од сигурни и независни извори со цел субјектот да е уверен дека знае кој е вистинскиот е една од мерките за анализа на клиентите како дел од сетот на мерките и дејствијата,

Дополнително, во таа насока субјектот е должен да врши редовна проверка и ажурирање на документите и податоците за клиентите, вистинските сопственици и ризичниот профил на клиентите со кои има воспоставено деловен однос. Кога не може да ги спроведе мерките за анализа на клиентот, субјектот е должен да одбие да воспостави деловен однос или да не изврши трансакција или да го прекине деловниот однос со клиентот.

Субјектите се должни копиите од документите, односно електронските записи од податоците обезбедени со употреба на средства за електронска идентификација издадени во рамки на регистрирана шема за електронска идентификација согласно со закон, со кои го утврдуваат и верификуваат, односно го идентификуваат и автентицираат идентитетот на клиентот, ополномоштувачот и вистинскиот сопственик, за спроведените процедури за анализа на клиентот или вистинскиот сопственик и за реализираните трансакции или трансакциите во обид, клиентското досие и деловната кореспонденција, да ги чуваат десет години во електронска или хартиена форма по извршената трансакција, сметано од последната трансакција

3.2.1 Кога вистинскиот сопственик на правниот субјект не е внесен или ажуриран во регистарот на вистински сопственици

Во случај кога вистинскиот сопственик на правниот субјект не е внесен или ажуриран во регистарот на вистински сопственици, субјектот е должен да го одложи воспоставувањето на деловен однос или да го одложи извршувањето на трансакцијата сè додека податоците не бидат внесени во регистарот, како и веднаш да ја извести Управата за финансиско разузнавање.

Законодавецот утврдил глоба во износ од 20.000- 80.000 евра (во зависност, микро, мал, среден, голем трговец) во денарска противвредност дека ќе му се изрече за прекршок на правното лице, односно трговец поединец, доколку не одбие воспоставување на деловен однос или изврши трансакција или не го прекине деловниот однос со клиентот согласно со членот 39 од ЗСППФТ,

Законодавецот утврдил глоба во износ од 3.000 - 30.000 (во зависност, микро, мал, среден, голем трговец) во денарска противвредност дека ќе му се изрече за прекршок на правното лице, односно трговец поединец, доколку не го идентификува и потврди идентитетот на клиентот, ополномоштувачот или вистинскиот сопственик.

  1. Останато

Законот/ите за спречување перење пари и финансирање на теорирзам можете да ги пронајдете на следниот линк https://ufr.gov.mk/?page_id=2374

Ве упатуваме да го земете предвид во целост „Упатството за начинот на идентификација на вистинскиот сопственик објавено на веб страната на Управата, а достапно на следниот линк https://ufr.gov.mk/wp-content/uploads/2020/05/UpatstvoVS.pdf

Дополнително, најчесто поставуваните прашања за регистарот за вистински сопственици и идентификацијата на вистинскиот сопственик се објавени и на веб страната на Управата за финансиско разузнавање и истите можете да ги погледнете на следниот линк https://ufr.gov.mk/?page_id=212

За дополнителни информации постете ја и информирајте се од веб страната на Централниот регистар на следниот линк https://www.crm.com.mk/

ЗА НАС

Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија е професионално здружение на сметководителите и овластените сметководители, основано во согласност со Законот за вршење на сметководствена дејност. Институтот се основа со цел унапредување на сметководствената професија и организирано делување.

КОНТАКТ ИНФО

Ѓуро Стругар бр.5
(зграда Технометал Вардар)
кат 1, лок 132/133
1000 Скопје, Р. Македонија

+389 (0)2 3200030

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Жиро Сметка
Прокредит Банка
380-1771093051-38

НЛБ Тутнска Банка
210-0682971602-69

 

Веб-страницата на ИСОС користи колачиња (cookies). Колачињата (cookies) се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство. Повеќе информации за начинот на користење и како да ги промените Вашите подесувања за користење на колачињата, може да најдете во документот Политика за колачиња (cookies).