Известување за регистрација на Рестриктивниот веб портал на УФР

25 Февруари 2022

Почитувани,

Управата за финансиско разузнавање во овој период интензивно спроведува активност за регистрација на субјектите на Рестриктивниот портал на Управата кој е интегрален дел од веб страната на Управата, кое регистрирање ќе биде од голема полза за субјектите при анализа на сомнителните трансакции и соработката со Управата.Имено во моментот акцентот е ставен на регистрацијата на   Друштвата за сметководство,ТП-Овластените сметководители и ТП сметководителите. Управата со овој E-MAIL ВЕ ЗАДОЛЖУВА И ВИ ДАВА ИНСТРУКЦИИ ДА ГО ОБЈАВИТЕ ОВА НАШЕ ИЗВЕСТУВАЊЕ И СООПШТЕНИЕ НА ВАШАТА WEB СТРАНА И  ДА ГО  ПРОСЛЕДИТЕ  УРГЕНТНО ПОДОЛУ ПРИЛОЖЕНИОТ E-MAIL до сите Друштвата за сметководство, ТП-Овластени сметководители и ТП сметководители кои се регистрирани во вашите Официјални Регистри за поднесување и добивање на пристап до Рестриктивниот портал на Управата.Веднаш по објавувањето на Известувањето на вашата Web страна за тоа задолжително треба да не известите по Е-mail. Исто така секој Петок до 14 часот е потребно  да не известувате по E-mail за напредокот и бројот на доставени меилови од ИНСТИТУТОТ до Друштвата за сметководство, ТП-Овластените сметководители и ТП сметководителите во Ексел табела до целосно регистрирање и добивање на пристап на сите сметководители од вашите Официјални Регистри.

Со почит

Управа за финансиско разузнавање

 

Почитувани субјекти,

Со овој допис ги известуваме овластените лица или замениците на овластените лица за СПП и СФТ од член 57 од Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам („Службен весник на Република Македонија“ број 120/18, 275/19 и 317/20 во понатамошниот текст: ЗСППФТ) на субјектите од член 5 од ЗСППФТ, дека Управата за финансиско разузнавање (УФР) ја надгради својата веб страна, и ја стави во продукција новата Рестриктивна веб платформа. Платформата задолжително треба да ја користат субјектите при вршење на анализа и соработка со УФР. Рестриктивната веб платформа е составена од 4 сегменти (делови) и тоа:

- Консолидирана листа,

- Типологии и индикатори за субјекти,

- Документи и

- Ризични држави.

Процесот на барање на пристап до рестриктивниот портал започнува преку националниот еИД, каде што неопходен услов е корисникот да има активна корисничка сметка. За да може корисникот да побара пристап до рестриктивниот портал најпрвин мора да се најават и потоа да го пополнат барањето на регистрација.

Пристапот до Рестриктивната веб платформа на УФР е ограничен само за овластените лица или замениците на овластените лица за СПП и СФТ. Имено, овластените лица и замениците на овластените лица за СПП и СФТ по добивањето на овој e-mail потребно е да се регистрираат на следнава адреса со пополнување на барањето за регистрација:

https://restricted.ufr.gov.mk/

Барањето за регистрација (профилот) содржи:

  1. Лични податоци за овластеното лице (корисникот) и тоа: Име, презиме, е-пошта, телефонски број, датум на раѓање, Број на документ (лична карта/пасош), Документот е издаден од и Важност на документ.                                  
  2. Податоци за субјектот и тоа: Назив, Адреса на субјектот, Единствен матичен број на субјектот (ЕМБС), Единствен даночен број (ЕДБ), Официјална е-пошта на субјектот, Категорија на субјект по член 5 од Законот, Име на Законски застапник и Презиме на Законски застапник.

3.Скениран документ за овластување на овластено лице и негов заменик со потпис и печат во ПДФ.

 

Рокот за регистрација е до 31.03.2022 година (петок)

По разгледувањето и одобрувањето на Барањето од страна на администраторите во УФР овластените лица ќе можат да пристапат до рестриктивната веб платформа.

Со почит,

Управа за финансиско разузнавање

ЗА НАС

Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија е професионално здружение на сметководителите и овластените сметководители, основано во согласност со Законот за вршење на сметководствена дејност. Институтот се основа со цел унапредување на сметководствената професија и организирано делување.

КОНТАКТ ИНФО

Ѓуро Стругар бр.5
(зграда Технометал Вардар)
кат 1, лок 132/133
1000 Скопје, Р. Македонија

+389 (0)2 3200030

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Жиро Сметка
Прокредит Банка
380-1771093051-38

НЛБ Тутнска Банка
210-0682971602-69

 

Веб-страницата на ИСОС користи колачиња (cookies). Колачињата (cookies) се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство. Повеќе информации за начинот на користење и како да ги промените Вашите подесувања за користење на колачињата, може да најдете во документот Политика за колачиња (cookies).