ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ЧЛЕНОВИТЕ НА ИНСТИТУТОТ

16 Јануари 2023

Почитувани членови,

Во врска со последните случувања за избор на правните лица кои даваат услуги за советување и едукација од областа на сметководството, финансиите, даноците, корпоративното право и работните односи и последните притисоци и јавувања во врска со изборот на истите, Ве известуваме дека по разгледување на поднесените барања од страна на пет члена комисија, ВД претседателот објави листа на правни субјекти кои ги исполнуваат условите согласно член 30 од ЗВСР, и дека сите апликанти  кои не се објавени во соопштението од 13.01.2023 година поради неисполнување на условите или правно-формални недостатоци во поднесување на барањата  се информирани со решение издадено од Институтот. По разгледување  на приговорите доколку се исполнат условите согласно ЗВСР од 01.08.2022 година и се упишат во регистарот на правни лица кои спроведуваат обуки за КПУ, ќе може да вршат обуки за континуирано професионално усовршување.

Институтот одржа  состанок на 29.11.2022 година со 13 правни субјекти, од поканети 16 кои имаа претходна акредитација за вршење обуки за КПУ. На состанокот ВД Претседателот согласно член 72 став 6 точки и 4 и 5 ги информира истите  дека поради  периодот кој следува, а се однесува на советувања за завршни сметки кои се на почеток на година, ке изготви времена програма се до формирање на органите на институтот и ќе издаде јавен повик за сите заинтересирани правни субјекти да поднесат Барања за спроведување  КПУ обуки најдоцна до крај на 2022 година. Тоа беше направено се со цел да се издадат одобренија за спроведување КПУ  и упис во регистар на правни лица кои имаат одобрение за вршење на обуки за КПУ на почеток на година, како сите посети на сметководителите на обуки и советувања од почеток на година им  се евидентираат како часови за континуирано професинално усовршување.

Правните субјекти кои ќе поднесат барања  за добивање одобрение за спроведување на КПУ по објавување на Регистарот, по разгледување на поднесените барања, доколку исполнуваат услови согласно член 30 став 6 од ЗВСР истите ќе бидат упишани во истиот и објавени на веб страната на Институтот.

Исто така ги известуваме членовите дека Институтот Ви стои на располагање  доколку имате било какви прашања, предлози, сугестии, кои може да помогнат во подобрување на функционирањето на Институтот, заеднички да ги дискутирме, анализираме, се со цел да придонесеме во подобрување на сметководствената професија.

Со почит
Весна Прентоска
ВД Претседател

ЗА НАС

Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија е професионално здружение на сметководителите и овластените сметководители, основано во согласност со Законот за вршење на сметководствена дејност. Институтот се основа со цел унапредување на сметководствената професија и организирано делување.

КОНТАКТ ИНФО

Ѓуро Стругар бр.5
(зграда Технометал Вардар)
кат 1, лок 132/133
1000 Скопје, Р. Македонија

+389 (0)2 3200030

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Жиро Сметка
Прокредит Банка
380-1771093051-38

НЛБ Тутнска Банка
210-0682971602-69