Годишна времена програма за континуирано професионално усовршување за 2023година
Вршителот на должност Претседател на Институтот, согласно ЗВСР ја објавува времената програма за Континуирано професионало усовршување за 2023година, се со цел правните лица кои имаат одобренија за спроведување КПУ обуки непречено да ги спроведуваат обуките и сите посети на сметководителите на обуки и советувања од почеток на година им се евидентираат како часови за континуирано професинално усовршување.
Оваа програма е времена се до формирање на органите на институтот и донесување на Годишна програма за континуирано префесионално усовршување.
Бр. |
Наслов |
1. |
Годишно финансиско и даночно известување |
|
Годишна сметка и финансиски извештаи - МСФИ / МСС за МСЕ: - МСС 1 Презентирање на финансиски извештаи - МСС 27 Консолидирани и посебни финансиски извештаи - МСС 11 Договори за изградба и оддел 23 од МСФИ за МСЕ - МСС 12 Даноци на добивка и оддел 29 од МСФИ за МСЕ - МСС 10 Настани по периодот на известување и оддел 32 од МСФИ за МСЕ - МСС 24 Обелоденување за поврзани страни и оддел 33 од МСФИ за МСЕ Годишна даночно известување: - Данок на добивка - Данок на вкупен приход - Данок на вкупен приход за непрофитни организации - Данок на личен доход Годишна сметка и финансиски извештаи – Законска регулатива: - Закон за трговски друштва и подзаконски прописи - Закон за сметководство на непрофитни организации |
2. |
МСФИ и МСС за МСЕ |
- Мали и средни ентитети (оддел 1) и споредба со МСФИ; - Концепти и преовладувачки принципи (оддел 2) - Сметководствени политики, проценки и грешки (оддел 10 - Извештај за парични текови (оддел 7) и МСС 7; - Залихи (оддел 13) и МСС 2; - Недвижности, постројки и опрема (оддел 17) и МСС 16; - Нематеријални средства (оддел 18) и МСС 38; - Вложувања во недвижности (оддел 16) и МСС 40; - Обезвреднување на средствата (оддел 27) и МСС 2 и МСС 36; - Наеми (оддел 20) и МСС 17; - Резервирања и неизвесни обврски (оддел 21) и МСС 37; - Приходи (оддел 23) и МСС 18; - Државни поддршки (оддел 24) и МСС 20; - Трошоци за позајмување (оддел25) и МСС 23; - Користи за вработени (оддел 28) и МСС 19; - Специјализирани активности и земјоделие (оддел 34) - Премин кон МСФИ за МСЕ (оддел 35) и МСФИ 1 - Финансиски инструменти (оддел 11 и 12) - Вложувања во придружени ентитети и заеднички вложувања (оддели 14 и 15) и МСС 28 и МСС 31 - Деловни комбинации и гудвил (оддел 19) и МСФИ 3,МСФИ 5 - Обработка на актуелни теми; - Обработка на промените МСФИ кои се актуелни во дадениот период и преглед на последните промени. |
|
3. |
Контрола на квалитет во сметководство |
- Поставеност на контролата на квалитет согласно - Стандарди за контрола на квалитет; |
|
4. |
Кодекс на етика на МФС |
- Дел А: Општа примена на кодексот; - Дел Б: Професионални сметководители во јавна практика; - Дел В: Професионални сметководители во деловното работење; - Обработка на актуелни теми од делот на етиката и преглед на промените настанати по ажурирањето на Кодексот на етика. |
|
5. |
Даноци и даночно право |
- Актуелни теми од Данокот на додадена вредност; - Актуелни теми од Данококот на личен доход; - Актуелни теми од Данокот на добивка; - Актуелни теми од областа на социјалните придонеси; - Актуелни теми од Царинскиот закон; - Актуелни теми од Закон за даноци на имот; - Актуелни теми од Закон за акцизи; - Актуелни теми од Законот за минимална плата; - Актуелни теми од Закон за исплата на плати; - Актуелни теми од Законот за даночна постапка; - Промени на законски и подзаконски акти од даночната сфера. |
|
6. |
Законска регулатива |
- Закон за трговските друштва – статутарни промени, - Закон за вршење на сметководствени работи (интерни правилници кај обврзниците; - Законот за работните односи (законски и подзаконски акти); - Закон за сметководство за непрофитни организации; - Закон за јавни набавки; - Закон за облигациони односи; - Закон за банки; - Закон за јавни претпријатија; - Корпоративно право - делот на Финансиско известување и сметководство - Промени на законски и подзаконски акти |
|
7. |
Информатичка технологија |
- Примена на ИТ во сметководството; - Специфики, трендови и новитети во ИТ; - ИТ системи; - Можности за примена на ИТ во сметководството |
|
8. |
Актуелни теми |
- обврски согласно со прописите за пречување перење на пари - обврски согласно со прописите за заштита - обврски според Законот за трговија - известувања кон други органи - финансиска анализа и финансиски индикатори - трансферни односи и оданочувањето - “Soft skills“(Меки вештини) |
- Програмските едукации може да се спојат и да се понудат како еднодневни, дводневни или повеќедневни едукации во траење од 8 часа дневно. Еден час е во траење од 40 минути. По завршување на презентирање на секоја одделна тематска област да се обезбеди простор за одговори на поставени прашања од страна на присутни сметководители и овластени сметководители.
- При објава на програмските едукации за континуирана професионална едукација потребно е јасно да се стави до знаење кои сектори се планирани со едукацијата, односно да се потенцираат целните групи сметководители и овластени сметководители за кои се однесува едукацијата.
Весна Прентоска
Вршител на должноста Претседател на
Институтот на сметководители и овластени сметководители