×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 561

Во случај на неподнесена МПИН пресметка, УЈП ги утврдува приходите по службена должност

28 Март 2017

Управата за јавни приходи информира дека во случај на неподнесена МПИН пресметка, УЈП ги утврдува придонесите по службена должност, согласно измените и дополнувањата на член 23 од Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување од 17.10.2016 година.

„Новиот став (4), пропишува Управата за јавни приходи да може да врши утврдување на придонесите по службена должност во случај кога обврзникот за пресметка и уплата на придонеси не поднел месечна пресметка. Основица за пресметка на придонесите при службеното утврдување е износот на бруто-платата пресметана во последната пресметка поднесена од работодавачот, односно просечната бруто-плата доколку работодавачот претходно нема извршено пресметка на придонесите. За службено утврдениот износ Управата за јавни приход ќе спроведе присилна наплата од исплатителот, заради навремено обезбедување на парични средства за уплата на социјалните придонеси и персоналниот данок, и за исплата на плата на вработените, односно за да се намали ризикот за оштетување на социјалните фондови, на Буџетот и на вработените заради неподнесување или ненавремено поднесување на МПИН пресметка од страна на исплатителот“, се вели во соопштението од УЈП.

ЗА НАС

Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија е професионално здружение на сметководителите и овластените сметководители, основано во согласност со Законот за вршење на сметководствена дејност. Институтот се основа со цел унапредување на сметководствената професија и организирано делување.

КОНТАКТ ИНФО

Ѓуро Стругар бр.5
(зграда Технометал Вардар)
кат 1, лок 132/133
1000 Скопје, Р. Македонија

+389 (0)2 3200030

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Жиро Сметка
Прокредит Банка
380-1771093051-38

НЛБ Тутнска Банка
210-0682971602-69

 

Веб-страницата на ИСОС користи колачиња (cookies). Колачињата (cookies) се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство. Повеќе информации за начинот на користење и како да ги промените Вашите подесувања за користење на колачињата, може да најдете во документот Политика за колачиња (cookies).