×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 561

НБРМ најавува Десетта јубилејна конференција за плаќања и пазарна инфраструктура

21 Април 2017

Народната банка на Република Македонија најавува одржување на Десеттата јубилејна конференција за плаќања и пазарна инфраструктура со наслов: „Двигатели нa интеграцијатa на плаќањата во Европа – иновации и соработка“. Конференцијата се организира во соработка со централните банки на Холандија и Португалија, а ќе се одржи во Охрид, хотел „Инекс Горица“, во  периодот од 5 до 7 јули 2017 година.

„Во текот на годините, Конференцијата прерасна во важно место за средба на претставниците на финансискиот сектор во Република Македонија и на централните банки од земјите од Централна, Источна и Југоисточна Европа, Заедницата на независни држави и Северна Африка, претставувајќи совршена платформа за размена на знаења и искуства за актуелни теми од областа на плаќањата и промовирањето нови идеи. На оваа јубилејна конференција, од особено значење ќе биде обраќањето на високите претставници од централните банки, со чијашто соработка го остваруваме овој проект веќе десет години. Така, на наше големо задоволство ќе се обрати гувернерот на Банката на Холандија, г. Klaas Knot и неизвршниот член на Одборот на Банката на Португалија, г. Hélder Rosalino. Ќе имаме чест да се обрати и извршниот член на Одборот на Европската централна банка, г. Yves Mersch. Воедно, во Панел-дискусијата на гувернерите ќе учествуваат гувернерите на централните банки на Македонија, Белгија, Хрватска и  гувернери на Централни банки на земјите од регионот. Гувернерската сесија ќе биде посветена на соработката и иновациите во Европа, со особен акцент на предизвиците со кои би се соочиле потрошувачите, компаниите и владите во националните економии на земјите од Балканот и Европа во наредната деценија, а во врска со претпочитањето на дигиталното банкарство и дигиталните технологии, наспроти употребата на готовина за вршење на плаќањата“, се вели во информацијата што ја објавува НБРМ.

Пповеќе информации за настанот на следниот линк.

http://www.nbrm.mk/default.asp?ItemID=FD42B88D452CBF46AC5F105DB8CA978B

ЗА НАС

Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија е професионално здружение на сметководителите и овластените сметководители, основано во согласност со Законот за вршење на сметководствена дејност. Институтот се основа со цел унапредување на сметководствената професија и организирано делување.

КОНТАКТ ИНФО

Ѓуро Стругар бр.5
(зграда Технометал Вардар)
кат 1, лок 132/133
1000 Скопје, Р. Македонија

+389 (0)2 3200030

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Жиро Сметка
Прокредит Банка
380-1771093051-38

НЛБ Тутнска Банка
210-0682971602-69

 

Веб-страницата на ИСОС користи колачиња (cookies). Колачињата (cookies) се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство. Повеќе информации за начинот на користење и како да ги промените Вашите подесувања за користење на колачињата, може да најдете во документот Политика за колачиња (cookies).