×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 561

Завод за статистика: Просечна месечна исплатена бруто и нето-плата по вработен за февруари 2017 година

24 Април 2017

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во февруари 2017 година, во однос на февруари 2016 година, изнесува 102.4.

Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Транспорт и складирање (11.9%), Информации и комуникации (6.0%) и Рударство и вадење на камен (4.9%).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (8.1%), Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (7.3%) и Рударство и вадење на камен (5.4%).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во февруари 2017, изнесува 22.347 денари. Во февруари 2017 година, 1.3% од вработените во Република Македонија не примиле плата.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во февруари 2017 година, во однос на февруари 2016 година, изнесува 102.5. Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во февруари 2017 изнесува 32.869 денари. 

Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Транспорт и складирање (12.2%), Информации и комуникации (5.4%) и Рударство и вадење на камен (5.0%).

Намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (8.2%), Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (7.0%) и Рударство и вадење на камен (5.6%).

Просечна месечна исплатена бруто-плата по вработен, февруари 2017 година

Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, февруари 2017 година

ЗА НАС

Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија е професионално здружение на сметководителите и овластените сметководители, основано во согласност со Законот за вршење на сметководствена дејност. Институтот се основа со цел унапредување на сметководствената професија и организирано делување.

КОНТАКТ ИНФО

Ѓуро Стругар бр.5
(зграда Технометал Вардар)
кат 1, лок 132/133
1000 Скопје, Р. Македонија

+389 (0)2 3200030

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Жиро Сметка
Прокредит Банка
380-1771093051-38

НЛБ Тутнска Банка
210-0682971602-69

 

Веб-страницата на ИСОС користи колачиња (cookies). Колачињата (cookies) се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство. Повеќе информации за начинот на користење и како да ги промените Вашите подесувања за користење на колачињата, може да најдете во документот Политика за колачиња (cookies).