×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 561

Предлог – одлука за висина на минималните надоместоци за вршење на книговодствени услуги

26 Април 2017

На седница на Собранието на Институтот на овластени сметководители и сметководители што се одржа на 21.03.2017 година се донесе предлог-одлука со која се утврдува минималниот надомест за месечните трошоци за книговодствени услуги.

Управниот одбор на ИСОС согласно Законот за вршење сметководствени работи и Статутот ( член 31, став 14) ги предлага и утврдува критериумите за утврдување на цената на сметководствените услуги. Со утврдување на минималниот надоместокот треба да се создадат услови за подобрување на квалитетот на книговодствените услуги  како и да се постигне реално вреднување на трудот на сметководителите.

Постапката за изготвување на предлог-одлуката започна во ноември 2016 година и се одвиваше во неколку фази, а во неа беа вклучени повеќе организации на сметководители во земјава. За таа цел беше формиран посебен Совет кој ги предложи критериумите и надоместокот за вршење на книговодствени услуги. Советот го сочинуваат претставници на сите осум подружници на ИСОС, членовите на Управниот и на Надзорниот одбор како и  претставници на коморите и на здруженијата на сметководители. Советот одржа два состаноци на 23.11.2016 и на 07.12.2016 година. На првиот состанок едногласно беше донесен заклучок да се подготви тарифник за книговодствените услуги. Писмени предлози доставија сметководствените друштва од Штип, Битола, Скопје, Гостивар, Струга, Тетово, Гевгелија, Куманово, Струмица, Охрид, а се одржа и јавна расправа на 17.03.2017 година во 12 часот во просториите на Сојузот на стопански комори.

Ги повикуваме сите заинтересирани сметководителите како и корисници на книговодствените услуги заради подобрување на квалитетот на предлог-одлуката да учествуваат на јавните расправи:

  • Во Скопје ќе се одржат на 28.03.2017 година, 04.04.2017 година и на 11.04.2017 година во просториите на Сојузот на стопански комори со почеток во 12 часот
  • Во Штип на 03.04.2017 година во општинската сала во 14 часот
  • Во Струмица на 30.03.2017 година во Домот на АРМ со почеток во 12 часот
  • Во Прилеп на 29.03.2017 година во салата на општинското собрание во 18 часот
  • Во Кавадарци на 30.03.2017 година во хотел „Уни Палас 2“ во 14 часот
  • Во Битола на 31.03.2017 година во хотел „Милениум“ во 13 часот
  • Во Кичево на 06.04.2017 година во Домот на култура „Кочо Рацин” (мала сала) со почеток во 12 часот
  • Во Куманово на 07.04.2017 година во Центар за култура „Трајко Прокопиев" (мала сала) со почеток во 12 часот
  • Во Охрид на 10.04.2017 година во Општината во Охрид (сала) со почеток во 14 часот
  • Во Ресен на 05.04.2017 година во кафич „Порта" со почеток  во 14 часот
  • Во Струга на 08.04.2017 година во хотел „Монтенегро" со почеток во 14 часот
  • Во Дебар на 06.04.2017 година во кафич „Таверна ЦАМИ" со почеток во 15 часот
  • Во Тетово на 11.04.2017 година во хотел „Лирак" со почеток во 12 часот
  • Во Гостивар на 07.04.2017 година во бифе „Ларагаца" на ул. Живко Брајковски бр.27 со почеток во 13 часот
  • Во Велес на 10.04.2017 година во салата за состаноци во Општина Велес со почеток во 14 часот
  • Во Делчево на 12.04.2017 година во хотел „Македонија" со почеток во 14 часот

Заинтересираните може да достават писмени предлози за подобрување на квалитетот на предлог-одлуката на официјалните маил адреси на ИСОС, Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. и Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Во прилог ја објавуваме предлог - одлуката

 

 

 

ЗА НАС

Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија е професионално здружение на сметководителите и овластените сметководители, основано во согласност со Законот за вршење на сметководствена дејност. Институтот се основа со цел унапредување на сметководствената професија и организирано делување.

КОНТАКТ ИНФО

Ѓуро Стругар бр.5
(зграда Технометал Вардар)
кат 1, лок 132/133
1000 Скопје, Р. Македонија

+389 (0)2 3200030

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Жиро Сметка
Прокредит Банка
380-1771093051-38

НЛБ Тутнска Банка
210-0682971602-69

 

Веб-страницата на ИСОС користи колачиња (cookies). Колачињата (cookies) се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство. Повеќе информации за начинот на користење и како да ги промените Вашите подесувања за користење на колачињата, може да најдете во документот Политика за колачиња (cookies).