×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 561

ИСОС: Имплементација на најдобрите меѓународни практики за квалитетни сметководствени услуги

26 Април 2017

Подобрување на условите и квалитетот на сметководствената професија, преку имплементација на најдобрите меѓународни практики е целта на стручната работилница на сметководители со меѓународно искуство во организација на Институтот на овластени сметководители и сметководители (ИСОС) и Сојузот на сметководители на Република Македонија.

Еминентни предавачи од Институтот на овластени сметководители на Англија и Велс (ICAEW) ги споделија најсовременти практики во областа пред овластените сметководствени институции во Република Македонија, кои по завршувањето на дводневната работилница ќе се стекнат со квалификација за обучувачи за квалитет, при што македонските сметководствени компании ќе имаат уникатна можност со своето учество да го усовршат сопственото работење.

„Покрај истакнатиот предавачи од Англија Martin Manuzi, Janet Hartas и Sian Watson на работилницата учествуваат и претставници од Сојузот на сметководители, ревизори и финансиски работници на Федерацијата на Босна и Херцеговина, Институтот за овластени ревозори на Црна Гора, Здружението на сметководители и ревизори на Република Српска, Сојузот на сметководители и ревизори на Србија и Институтот на овластени ревизори на Албанија. Оваа работна група составена од професионални сметководствени организации досега има одржано состаноци во Белград, Сараево, Будва и во Бања Лука. Работилницата која се одржува во Скопје е завршен настан од каде ќе произлезат препораки кои учесниците ќе ги применат во своите тековни практики во однос на подобрување на квалитетот на законската регулатива“,

„Дел од препораките се однесуваат и на обезбедување проактивен пристап во образованието, јакнење на ангажманот на професионалните сметководствени организации во соработката со IFAC и Светска банка, за поддршка на сметководствената професија и корпоративно известување како и доверба на инвеститорите во земјите учеснички. Преку активностите на оваа работна група исто така треба да се зајакне капацитетот на професионалните здруженија“.

Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија основано во согласност со Законот за вршење на сметководствена дејност ги обединува сметководителите и овластените сметководители кои работат на територијата на Република Македонија. Институтот се основа со цел унапредување на сметководствената професија и организирано делување на сметководителите и овластените сметководители на територијaта на Република Македонија.

 

ЗА НАС

Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија е професионално здружение на сметководителите и овластените сметководители, основано во согласност со Законот за вршење на сметководствена дејност. Институтот се основа со цел унапредување на сметководствената професија и организирано делување.

КОНТАКТ ИНФО

Ѓуро Стругар бр.5
(зграда Технометал Вардар)
кат 1, лок 132/133
1000 Скопје, Р. Македонија

+389 (0)2 3200030

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Жиро Сметка
Прокредит Банка
380-1771093051-38

НЛБ Тутнска Банка
210-0682971602-69

 

Веб-страницата на ИСОС користи колачиња (cookies). Колачињата (cookies) се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство. Повеќе информации за начинот на користење и како да ги промените Вашите подесувања за користење на колачињата, може да најдете во документот Политика за колачиња (cookies).