×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 561

Соопштение за работилницата за имплементација на меѓународните практики за подобрување на квалитетот на сметководствените услуги

26 Април 2017

На 5-6 Април 2017, Скопје се одржа дводневна работилница на тема „Имплементација на најдобрите меѓународни практики за подобрување на квалитететот на сметководствени услуги„, во организација на Институтот на овластени сметководители и сметководители и Сојузот на сметководители на Република Македонија.

Сакаме да истакнеме дека оваа четврта работилница е продолжение на активностите кои во претходните две ипол години ги имаше Сојузот на сметководители на Република Македонија, а во интерес на сметководителите и за во иднина, го сподели правото со Институтот на овластени сметководители и сметководители да се вклучи во понатамошната работа на работната група - APSF работна група составена од следниве Професионални Сметководствени Организации (PAO): Сојузот на сметководители на РМ и Институтот на сметководители и овластени сметководители на РМ, Сојузот на сметководители, ревизори и финансиски работници на Федерацијата на Босна и Херцеговина, Институтот за овластени ревозори на Црна Гора, Здружението на сметководители и ревизори на Република Српска, Сојузот на сметководители и ревизори на Србија и Институтот на ревизори од Албанија.

Еминенти предавачи Martin Manuzi, Janet Hartas и Sian Watson од Институтот на овластени сметководители на Англија и Велс (ICAEW) ги споделија најсовременти практики во областа на обезбедување и подобрување на квалитетот на сметководствените услуги во регионот.

„Дел од препораките  се однесуваат и на обезбување проактивен пристап во образованието, јакнење на ангажманот на професионалните сметководствени организации во соработката со Светска банка, за поддршка на сметководствената професија и корпоративно известување и доверба на инвеститорите во земјите учеснички. Преку активностите на оваа работна група исто така треба да се зајакне капацитетот на професионалните здруженија од регионот“.

 

                                                             rabotilnica

  

 

ЗА НАС

Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија е професионално здружение на сметководителите и овластените сметководители, основано во согласност со Законот за вршење на сметководствена дејност. Институтот се основа со цел унапредување на сметководствената професија и организирано делување.

КОНТАКТ ИНФО

Ѓуро Стругар бр.5
(зграда Технометал Вардар)
кат 1, лок 132/133
1000 Скопје, Р. Македонија

+389 (0)2 3200030

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Жиро Сметка
Прокредит Банка
380-1771093051-38

НЛБ Тутнска Банка
210-0682971602-69

 

Веб-страницата на ИСОС користи колачиња (cookies). Колачињата (cookies) се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство. Повеќе информации за начинот на користење и како да ги промените Вашите подесувања за користење на колачињата, може да најдете во документот Политика за колачиња (cookies).