×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 561

Известување за носителите на уверенија за сметководител и овластен сметководител

09 Мај 2017

1. Според евиденцијата која се води во Институтот на сметководители и овлaстени сметководители на Република Македонија согласно позитивните законски прописи, Ве информираме дека од вкупниот број на изготвени уверенија, не се подигнати 1.203. Од нив 495 се Уверенија за сметководители и 708 се Уверенија за овластени сметководители. Доколку сте во можност остварете го своето право во наредните денови.

2. Известување како потсетување на лицата (вкупно 1.742) кои се имаат стекнато со Уверение за сметководител или Уверение за овластен сметководител согласно Законот за сметководствени работи и кои своето уверение го имаат подигнато од Институтот, а кои согласно членот 18 став 8 не доставиле барање за упис во регистарот на Институтот во рок од 60 дена од денот на стекнувањето со уверение, дека се изложени на можноста да го изгубат правото на упис во регистарот.

3. Упат до правните субјекти (ТП- сметководител; ТП-овластен сметководител и Друштво за вршење на сметководствени работи) кои согласно Законот за вршење на сметководствени работи, согласно членовите од 20 до 22, имаат можност да достават соодветна документација за стекнување со Лиценца за работа, како и правото на Упис во соодветните регистри. Напоменуваме дека, без лиценца и упис на правното лице во соодветниот регистар, истото нема право да врши сметководствени работи од моментот на воспоставување на регистарот за правните субјекти во Институтот на сметководители и овластени сметководители.

ЗА НАС

Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија е професионално здружение на сметководителите и овластените сметководители, основано во согласност со Законот за вршење на сметководствена дејност. Институтот се основа со цел унапредување на сметководствената професија и организирано делување.

КОНТАКТ ИНФО

Ѓуро Стругар бр.5
(зграда Технометал Вардар)
кат 1, лок 132/133
1000 Скопје, Р. Македонија

+389 (0)2 3200030

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Жиро Сметка
Прокредит Банка
380-1771093051-38

НЛБ Тутнска Банка
210-0682971602-69

 

Веб-страницата на ИСОС користи колачиња (cookies). Колачињата (cookies) се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство. Повеќе информации за начинот на користење и како да ги промените Вашите подесувања за користење на колачињата, може да најдете во документот Политика за колачиња (cookies).