×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 561
Испечатете ја страната

Мислење од Министерство за финансии за пропуштените рокови за поднесување барање за уверение

11 Мај 2017

Објавуваме информација за лицата кои ги пропуштија роковите по јавните повици од 2016 година и тоа:

Јавен повик 001/2016 и Информацијата по измената на членовите 48, 49 и 50 од Законот за вршење на сметководствени работи и членовите 5, 6 и 19 од Законот за изменување и дополнување на Законот за вршење на сметководствени работи, кои можеа во рок од 60 дена од денот на влегување во сила на овој закон да поднесат барање до Институтот на сметководители и овластени сметководители на РМ, за издавање на ново уверение за сметководител односно овластен сметководител согласно условите под кои ги стекнале уверенијата издадени од Министерот за финансии.

Институтот на сметководители и овластени сметководители писмено се обрати до Министерството за финансии и побара мислење за тоа како да постапи по барањата доставени по предвидените законски рокови од страна на сметководителите и овластените сметководители. На ден 03 мај 2017 го добивме мислењето кое во целост го објавуваме:
„Согласно член 19 од Законот за изменување и дополнување на Законот за вршење сметководствени работи (Службен весник на Република Макеоднија бр.190/16), лицата кои се стекнале со уверение за сметководител, односно овластен сметководител имаа рок од 60 дена од денот на влегување во сила на Законот да поднесат барање до Институтот за сметководители и овластени сметководители на Република Македонија за издавање на ново уверение за сметководител, односно за овластен сметководител.
Оттука, Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија треба да постапува согласно одредбите од Законот за изменување и дополнување на Законот за вршење на сметководствени работи“.