×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 561

ИСОС: Предлог – иницијатива за измена на регулативата за доставување на статистички податоци

18 Мај 2017

Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија, подготви Предлог иницијатива за измена на законската регулатива, со која се регулира пополнувањето и доставувањето на податоци во статистичките обрасци согласно законската обврска (Закон за државна статистика „Службен весник на РМ бр. 54/97, 21/07, 51/11, 20/13, 104/13, 24/14, 42/14, 13/15, 192/15, 07/16 и 27/16).

Пополнувањето и доставувањето на овие статистички податоци кои ги имаат правните субјекти во најголем број од случаевите, паѓаат на терет на сметководителите, а сето тоа значи зголемени трошоците на работењето и секако бара значително трошење на работни часови за таа намена.

Целта на оваа иницијатива е измена на законската регулатива во насока на централизирано користење на веќе постоечките податоци во државните институции како што се Министерството за финансии, Управата за јавни приходи, Централниот регистар на РМ и останатите министерства и институции до кои, согласно останатите законски решенија, подaтоците се веќе доставени и обработени и тие во најголем дел се во електронска форма.
Со тоа би се заштедило во време, средства и на тој начин Државниот завод за статистика ќе обезбеди значително поквалитетни, веродостојни и навремени статистички податоци кои ќе бидат од корист за сите чинители во општеството.
Правните субјекти со овој централизиран начин на обезбедување на податоци, нема да се соочат со последиците заради неисполнувањето на обврските, како што се: прекршочни одредби и предвидените високи глоби за одговорните лица, но и за правните лица.

ЗА НАС

Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија е професионално здружение на сметководителите и овластените сметководители, основано во согласност со Законот за вршење на сметководствена дејност. Институтот се основа со цел унапредување на сметководствената професија и организирано делување.

КОНТАКТ ИНФО

Ѓуро Стругар бр.5
(зграда Технометал Вардар)
кат 1, лок 132/133
1000 Скопје, Р. Македонија

+389 (0)2 3200030

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Жиро Сметка
Прокредит Банка
380-1771093051-38

НЛБ Тутнска Банка
210-0682971602-69

 

Веб-страницата на ИСОС користи колачиња (cookies). Колачињата (cookies) се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство. Повеќе информации за начинот на користење и како да ги промените Вашите подесувања за користење на колачињата, може да најдете во документот Политика за колачиња (cookies).