×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 561

Информација

29 Мај 2017

По денешниот состанок,членовите на Управниот одбор на Институтот на сметководители и овластени сметководители, ја дадоа следната изјава која ќе биде корисна за членовите на Институтот, корисниците на книговодствени услуги и пошироката јавност: 

„Институтот на сметководители и овластени сметководители е здружение кое делува по примерот и праксата на светски познати асоцијации и институти, а делува во заштита на своите членови сметководители и овластени сметководители во Република Македонија. 

Што се однесува до Вашето прашање поврзано со превисоките казни и моќ, можеме да Ве информираме дека се работи за здружение кое, согласно Законот за вршење сметководствени работи - „Закон“, не му е дозволено да има моќ ниту да биде инспекциски орган. Раководејќи се од меѓународните препораки и искуства една од најважните активности во нашата професија е контролата над квалитетот на работењето при вршењето на сметководствените работи, за што се организирани бројни расправи, обуки и работилници на кои беа презентирани искуствата на институти слични на нашиот, но со искуства на некои од нив и до 150 години, како што е Институтот на сметководители на Ирска и Јужен Велс. Сето ова е од особена важност заради обезбедување на соодветен квалитет при изготвувањето на финансиските извештаи и правилна примена на прописите од областа на фискалната политика на државата. Познато ни е на сите од каква важност се овие извештаии и тоа како за корисниците на нашите услуги така и за општествената заедница, државата, банките и инвеститорите. Важно е да се спомене дека над работењето на Институтот, надзор врши Министерството за финансии. Во секоја постапка дозволена е двостепеност но и заштита на правата пред надлежните судови.
Што се однесува до прашањето поврзано со одредување на минималните надоместоци за вршење книговодствени услуги, можеме да Ви појасниме дека: Не се работи за нов акт, туку се работи за донесување по прв пат акт за утврдување на надоместок, кој ги опфаќа трошоците на работењето на секој вршител на дејност – книговодствени односно сметководствени работи. За да може да се донесе овој акт направени се опсежни анализи во траење од 6 (шест) месеци и спроведени низа јавни расправи на кои беа повикани сите сметководители и останати заинтересирани лица и субјекти од целата Република и тоа во соработка со најрелевантните организации како што се: Сојузот на сметководители на РМ, Сметководствената комора на сметководители на РМ, Сојузот на стопански комори на РМ, Регионални сметководствени комори и здруженија на сметководители во РМ кои ги претставуваат сметководителите како лица – поединци и како субјекти, друштва за вршење сметководствени работи или самостојни вршители на дејност.
Поедини негативни реакции од сметководители, се од најголем дел од лица кои нерегистрирано вршат дејност, а сега е потребно да го регулираат своето работење согласно Законот за забрана за вршење на нерегистрирана дејност и Законот за вршење сметководствени работи“.

ЗА НАС

Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија е професионално здружение на сметководителите и овластените сметководители, основано во согласност со Законот за вршење на сметководствена дејност. Институтот се основа со цел унапредување на сметководствената професија и организирано делување.

КОНТАКТ ИНФО

Ѓуро Стругар бр.5
(зграда Технометал Вардар)
кат 1, лок 132/133
1000 Скопје, Р. Македонија

+389 (0)2 3200030

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Жиро Сметка
Прокредит Банка
380-1771093051-38

НЛБ Тутнска Банка
210-0682971602-69

 

Веб-страницата на ИСОС користи колачиња (cookies). Колачињата (cookies) се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство. Повеќе информации за начинот на користење и како да ги промените Вашите подесувања за користење на колачињата, може да најдете во документот Политика за колачиња (cookies).