×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 561

Извозот порасна за 12.7%

05 Јуни 2017

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари-април 2017 година, изнесува 93 959 795 илјади денари и бележи пораст од 12.7% во однос на истиот период од претходната година.

Вредноста на увезената стока, во периодот јануари-април 2017 година, изнесува 129 302 397 илјади денари што е за 11.2% повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-април 2017 година, изнесува 35 342 602 илјади денари.

Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари-април 2017, изнесува 72.7%. Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, фероникелот и облеката.
Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав и електричната енергија. Во периодот јануари-април 2017 година, според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Република Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија, и Бугарија.

Стоковна размена изразена во евра и САД долари

Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари- април 2017 година, изнесува 1 525 839 илјади евра, и бележи пораст од 12.9% во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 2 100 074 илјади евра што е за 11.4 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-април 2017 година, изнесува 574 235 илјади евра.

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари-април 2017 година, изнесува 1 629 803 илјади САД долари и бележи пораст од 8,4% во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 2 240 654 илјади САД долари што е за 6,8% повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари - април 2017 година, изнесува 610 850 илјади САД долари.

ЗА НАС

Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија е професионално здружение на сметководителите и овластените сметководители, основано во согласност со Законот за вршење на сметководствена дејност. Институтот се основа со цел унапредување на сметководствената професија и организирано делување.

КОНТАКТ ИНФО

Ѓуро Стругар бр.5
(зграда Технометал Вардар)
кат 1, лок 132/133
1000 Скопје, Р. Македонија

+389 (0)2 3200030

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Жиро Сметка
Прокредит Банка
380-1771093051-38

НЛБ Тутнска Банка
210-0682971602-69

 

Веб-страницата на ИСОС користи колачиња (cookies). Колачињата (cookies) се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство. Повеќе информации за начинот на користење и како да ги промените Вашите подесувања за користење на колачињата, може да најдете во документот Политика за колачиња (cookies).