×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 561

НБРМ го дополни Упатството за начинот на непосредно известување за состојбата и промените на сметките на резидентите во странство

08 Јуни 2017

Врз основа на член 48 став 1 точка 3 од Законот за Народната банка на РМ („Службен весник на РМ“ бр. 158/10, 123/12, 43/14, 153/15 и 6/16) и точка 9 од Одлуката за начинот и постапката на известување за трансакции со нерезиденти („Службен весник на РМ“ бр.87/14), гувернерот на Народната банка на РМ донесе Упатство за дополнување на упатството за начинот на непосредно известување за состојбата и промените на сметките на резидентите во странство и на евиденциските сметки за порамнување на меѓусебните побарувања и обврски со нерезидентите.

Дополнувањето на Упатството е објавено во Службен весник на РМ бр.69 од 07.06.2017 година.

„Во Упатството за начинот на непосредно известување за состојбата и промените на сметките на резидентите во странство и на евиденциските сметки за порамнување на меѓусебните побарувања и обврски со нерезиденти („Службен весник на Република Македонија“ бр. 108/14), во точка 5, по ставот 2 се додава нов став кој гласи: „По исклучок, доколку известувачот има технички ограничувања, известувањето може да се врши со доставување на образецот МИ во хартиена форма“, се наведува во објавата во Службен весник.

Ова упатство влегува во сила со денот на објавувањето во Службен весник на Република Македонија.

ЗА НАС

Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија е професионално здружение на сметководителите и овластените сметководители, основано во согласност со Законот за вршење на сметководствена дејност. Институтот се основа со цел унапредување на сметководствената професија и организирано делување.

КОНТАКТ ИНФО

Ѓуро Стругар бр.5
(зграда Технометал Вардар)
кат 1, лок 132/133
1000 Скопје, Р. Македонија

+389 (0)2 3200030

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Жиро Сметка
Прокредит Банка
380-1771093051-38

НЛБ Тутнска Банка
210-0682971602-69

 

Веб-страницата на ИСОС користи колачиња (cookies). Колачињата (cookies) се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство. Повеќе информации за начинот на користење и како да ги промените Вашите подесувања за користење на колачињата, може да најдете во документот Политика за колачиња (cookies).