×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 561

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

05 Јули 2017

Институтот за сметководители и овластени сметководители на Република Македонија (ИСОС) по барање на своите членови од 2016 континуирано спроведува активности и состаноци од кои произлегоа предлози преточени во акт за утврдување на основните критериуми за утврдување на цени на сметководствените услуги.

За донесениот акт, а во врска со критериумите, Министерството за финансии се обрати со допис до институтот на 20.06.2017 со кој укажува кои активности и акти можат да се спроведуваат согласно Законот за вршење сметководствени работи и Статутот на Институтот, а во врска со кој допис Институтот излезе со информација дека постапува согласно дадените насоки и во согласност со Законот и Актите на ИСОС.
И покрај тоа во недела на 02 јули 2017 извесна организација Бизнис конфедерација, без да се обрати до Институтот и да се информира за нашите активности, спровел и објавил правна анализа на непостоечка одлука со која се обидува да пласира невистини во јавноста и со кое го нарушува угледот на институтот за што ќе бидат превземени соодветни постапки.
За таа цел ја информираме целата јавност дека Институтот на сметководители и овластени сметководители и понатаму во интерес на своите членови и општествената заедница во целост, согласно Законот за вршење сметководствени работи, Статутот, Годишната програма за континуирано професионално усовршување на Институтот, IFAC-овиот кодексот за етика на професионалните сметководители и Меѓународниот стандард за едукација, ќе продолжи со активности за донесување и рангирање на сите критериуми кои ќе бидат основ за утврдување на цените на сметководствените услуги, и со тоа конечно да биде вреднуван интелектуалниот труд на сметководителите кои легално вршат сметкводствени услуги.

ЗА НАС

Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија е професионално здружение на сметководителите и овластените сметководители, основано во согласност со Законот за вршење на сметководствена дејност. Институтот се основа со цел унапредување на сметководствената професија и организирано делување.

КОНТАКТ ИНФО

Ѓуро Стругар бр.5
(зграда Технометал Вардар)
кат 1, лок 132/133
1000 Скопје, Р. Македонија

+389 (0)2 3200030

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Жиро Сметка
Прокредит Банка
380-1771093051-38

НЛБ Тутнска Банка
210-0682971602-69

 

Веб-страницата на ИСОС користи колачиња (cookies). Колачињата (cookies) се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство. Повеќе информации за начинот на користење и како да ги промените Вашите подесувања за користење на колачињата, може да најдете во документот Политика за колачиња (cookies).