×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 561

УЈП ќе ја поедностави процедурата за плаќање на ПДД и за издавање на ГДП

13 Јули 2017

Управата за јавни приходи почнува со активности за поедноставување на процедурите за пријавување и плаќање на персоналниот данок од доход, како и за издавање Годишна даночна пријава по електронски пат.

- Една од позитивните промени кои се очекуваат да ги донесе новиот систем е укинувањето на Годишните извештаи за ПДД и воведување на електронска услуга е-ПДД преку која граѓаните и фирмите ќе можат тековно да вршат пријавување, пресметка и плаќање на персоналниот данок по одбивка. Втората фаза е издавање на предпополнета Годишна даночна пријава по електронски пат, односно УЈП да ги пополнува пријавите, а граѓаните само да ги верификуваат податоците. Реформите во даночниот систем се неопходни, од една страна заради приближување до најдобрите даночни практики, но и за исполнување на долгогодишните барања на сметководителите и обврзниците, и од друга страна заради подобрување на услугите на даночната администрација – вели директорката на УЈП Сања Лукаревска.

Проектот за поедноставување на процедурите за пријавување и плаќање на персоналниот данок е финансиран од ЕУ ИПА фондовите во вредност од 93.730 евра и од Буџетот на РМ во вредност од 574.800 евра.

Лукаревска исто така информираше дека од спроведениот мониторинг преку ГПРС системот на УЈП утврдени се значителни отстапувања кај одредени даночни обрзници особено во услужниот сектор. Од направени 195 контроли, неправилности се утврдени во 32 случаи. Даночните инспектори веќе повеле постапки пред истражните органи, за кривично дело - даночно затајување.

- Сакам да ја известам пошироката јавноста дека во наредниот предиод УЈП ќе врши засилен мониторинг на готовинскиот промет со цел да се делува превентивно во пресрет на културните, забавните и спортските настани. Неплаќањето на данок е недозволиво – рече Лукаревска.

Лукаревска информираше и дека на крајот на првата половина од годинава прибрани се даночни приходи за 3,16 проценти помалку од предвиденото. Кај придонесите, наплатата е зголемена за три проценти.

ЗА НАС

Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија е професионално здружение на сметководителите и овластените сметководители, основано во согласност со Законот за вршење на сметководствена дејност. Институтот се основа со цел унапредување на сметководствената професија и организирано делување.

КОНТАКТ ИНФО

Ѓуро Стругар бр.5
(зграда Технометал Вардар)
кат 1, лок 132/133
1000 Скопје, Р. Македонија

+389 (0)2 3200030

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Жиро Сметка
Прокредит Банка
380-1771093051-38

НЛБ Тутнска Банка
210-0682971602-69

 

Веб-страницата на ИСОС користи колачиња (cookies). Колачињата (cookies) се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство. Повеќе информации за начинот на користење и како да ги промените Вашите подесувања за користење на колачињата, може да најдете во документот Политика за колачиња (cookies).