×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 579

Комората на стечајни управници објавува повик за обука

18 Јули 2017

Комората на стечајни управници на Република Македонија ги информира сите заинтересирани физички лица дека организира почетна обука на кандидати за вршење на работите на стечаен управник.

Право да ја посетат почетната обука имаат сите физички лица кои ги исполнуваат следните услови:

  - да е државјанин на Р.М.

  - да има живеалиште во Р.М.

  - да има високо образование од соодветна област (диплома за завршено четиригодишно високо образование или диплома со 300 кредити според Европски кредитен трансфер систем, да има најмалку три години работно искуство по дипломирање) во област на право, економија или бизнис администрација или друго високо образование и пет години работно искуство во областа на трговските дејности по дипломирање

  - со правосилна одлука да не е изречена забрана за вршење на професија, дејнос или должност се додека траат последиците од забраната

Кандидатите кои ќе ја посетуваат почетната обука ќе се стекнат со потврда за завршена обука и со право да полагаат стручен испит за стекнување со уверение за овластен стечаен управник кој го спроведува Комисија именувана од страна на министерот за економија.

Повеќе информации за јавниот повик може да најдете на следниот линк.

ЗА НАС

Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија е професионално здружение на сметководителите и овластените сметководители, основано во согласност со Законот за вршење на сметководствена дејност. Институтот се основа со цел унапредување на сметководствената професија и организирано делување.

КОНТАКТ ИНФО

Ѓуро Стругар бр.5
(зграда Технометал Вардар)
кат 1, лок 132/133
1000 Скопје, Р. Македонија

+389 (0)2 3200030

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Жиро Сметка
Прокредит Банка
380-1771093051-38

НЛБ Тутнска Банка
210-0682971602-69

 

Веб-страницата на ИСОС користи колачиња (cookies). Колачињата (cookies) се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство. Повеќе информации за начинот на користење и како да ги промените Вашите подесувања за користење на колачињата, може да најдете во документот Политика за колачиња (cookies).