×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 579

НБРМ податоците за платниот биланс ќе ги објавува на квартална основа

01 Август 2017

Народната банка на Република Македонија ќе ги објавува податоците за платниот биланс на квартална основа, за да се избегнат чести и поголеми ревизии на статистичките податоци, а истовремено задржувајќи го известувачкиот товар на ниско ниво (преку задржување на динамиката на доставување на квартални прашалници, наместо воведување месечни прашалници), се вели во соопштението објавено на интернет страницата на НБРМ.

„ Извештаите за платен биланс и понатаму ќе продолжат да содржат месечни податоци кои ќе се објавуваат во рок од 60 дена по истекот на кварталот.Месечното објавување на податоците за платен биланс ќе заврши на 31 август 2017 година, кога ќе бидат објавени податоци за движењата заклучно со месец јуни 2017 година, односно, заклучно со вториот квартал од годината. Кварталното објавување на податоците за платен биланс Народната банка ќе започне на 30 ноември 2017 година, со објавување на податоците за третиот квартал од оваа година (поединечно за месеците јули, август и септември 2017 година). Преминувајќи кон новиот начин на објавување на податоците, Народната банка останува во согласност со препорачаните меѓународни статистички стандарди пропишани од страна на Меѓународниот монетарен фонд и Еуростат, а воедно, е во линија и со практиката на објавување на овие податоци застапена кај повеќе европски земји“, се вели во соопштението на НБРМ.

Целосното соопштение е достапно на следниот линк.

ЗА НАС

Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија е професионално здружение на сметководителите и овластените сметководители, основано во согласност со Законот за вршење на сметководствена дејност. Институтот се основа со цел унапредување на сметководствената професија и организирано делување.

КОНТАКТ ИНФО

Ѓуро Стругар бр.5
(зграда Технометал Вардар)
кат 1, лок 132/133
1000 Скопје, Р. Македонија

+389 (0)2 3200030

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Жиро Сметка
Прокредит Банка
380-1771093051-38

НЛБ Тутнска Банка
210-0682971602-69

 

Веб-страницата на ИСОС користи колачиња (cookies). Колачињата (cookies) се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство. Повеќе информации за начинот на користење и како да ги промените Вашите подесувања за користење на колачињата, може да најдете во документот Политика за колачиња (cookies).