×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 579

Од 2019 - „Претпополнета“ Годишна даночна пријава

04 Август 2017

Управата за јавни приходи ги модернизира процедурите на пријавување и плаќање на персоналниот данок од страна на фирмите, граѓаните и сметководствените бироа.

УЈП месецов отпочнува со активности за вклучување на сите засегнати страни (фокус групи) во процесот на креирање и тестирање на даночните услуги од новиот систем е-Персонален данок. Дел од новините ќе се имплементираат во пракса наредната година, а според најавите од 2019 година, Управата ќе поднесува ГДП во име на секое физичко лице, по претходно добиена потврда.

Проектот ќе се реализира во 2 фази:
(I фаза)
- Изготвување и поднесување на електронска пресметка (е-ППД) од фирмите-исплатувачи, за исплата на приход и за пресметка на ПДД што се плаќа по одбивка;
- Изготвување и поднесување на електронска пресметка (е-ППД) од граѓаните-физички лица, за остварен приход и за пресметка на аконтација ПДД;
- Издавање и доставување на електронски налог од УЈП до носителите на платен промет за едновремена и неделива исплата на приходот на физичкото лице и уплата на ПДД по одбивка;
- Можност граѓанинот во текот на целата година да има увид (извештај) за неговите приходи за кои е платен ПДД по одбивка од страна на фирмите-исплатувачи;
- Поднесување на барања за користење на даночните олеснувања и ослободувања според договорите за одбегнување на двојното оданочување, за приходи кои се остварени во странство.

(II фаза)
- Издавање на пополнета Годишна даночна пријава (ПДД-ГДП) од УЈП, за остварените приходи, пресметаниот и платениот ПДД за граѓаните;
- Можност граѓанинот да ја добие пополнетата Годишна даночна пријава изготвена од страна на УЈП и истата да ја потврди.

Како што информира УЈП, проектот за поедноставување на процедурите за пријавување и плаќање на персоналниот данок (финансиран од ЕУ ИПА фондовите во вредност од 93.730 евра и од Буџетот на РМ во вредност од 574.800 евра) ќе овозможи намалување на административните трошоци и поедноставување на постапките за пријавување, поднесување на пресметки и плаќање на персоналниот данок од страна на граѓаните и исплатителите – правни лица (укинување на годишните извештаи за ПДД), како и подобрување на доброволната наплата на данокот преку обезбедување на поголема сигурност и системска контрола за следење на плаќањата на данокот од страна на исплатителите – фирмите.

ЗА НАС

Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија е професионално здружение на сметководителите и овластените сметководители, основано во согласност со Законот за вршење на сметководствена дејност. Институтот се основа со цел унапредување на сметководствената професија и организирано делување.

КОНТАКТ ИНФО

Ѓуро Стругар бр.5
(зграда Технометал Вардар)
кат 1, лок 132/133
1000 Скопје, Р. Македонија

+389 (0)2 3200030

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Жиро Сметка
Прокредит Банка
380-1771093051-38

НЛБ Тутнска Банка
210-0682971602-69

 

Веб-страницата на ИСОС користи колачиња (cookies). Колачињата (cookies) се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство. Повеќе информации за начинот на користење и како да ги промените Вашите подесувања за користење на колачињата, може да најдете во документот Политика за колачиња (cookies).