×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 561

Извозот во првото полугодие зголемен за 16,2 отсто, увозот за 11,2 отсто

07 Август 2017

Според податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република  Македонија, во периодот јануари-јуни 2017 година, изнесува 146 245 756 илјади денари и бележи пораст од 16.2% во  однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари-јуни 2017 година,  изнесува 199 947 002 илјади денари што е за 11.2% повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари-јуни 2017 година, изнесува 53 701 246 илјади денари. Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари-јуни 2017, изнесува 73.1%.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со  благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, фероникелот и облеката. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав и електричната енергија.

Во периодот јануари-јуни 2017 година, според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Република Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Бугарија. 

Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари- јуни 2017 година, изнесува 2 373 541 илјади евра, и бележи пораст од 16.4% во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 3 245 482 илјади евра што е за 11.4% повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-јуни 2017 година, изнесува 871 941 илјади евра.

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари-јуни 2017 година, изнесува 2 576 110 илјади САД долари и бележи пораст од 13.1% во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 3 515 702 илјади САД долари што е за 8.0% повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-јуни 2017 година, изнесува 939 591 илјади САД долари.

ЗА НАС

Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија е професионално здружение на сметководителите и овластените сметководители, основано во согласност со Законот за вршење на сметководствена дејност. Институтот се основа со цел унапредување на сметководствената професија и организирано делување.

КОНТАКТ ИНФО

Ѓуро Стругар бр.5
(зграда Технометал Вардар)
кат 1, лок 132/133
1000 Скопје, Р. Македонија

+389 (0)2 3200030

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Жиро Сметка
Прокредит Банка
380-1771093051-38

НЛБ Тутнска Банка
210-0682971602-69

 

Веб-страницата на ИСОС користи колачиња (cookies). Колачињата (cookies) се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство. Повеќе информации за начинот на користење и како да ги промените Вашите подесувања за користење на колачињата, може да најдете во документот Политика за колачиња (cookies).