×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 561

Усвоен ребалансот на Буџетот за 2017 година

07 Август 2017

Собранието на Република Македонија вчера попладне го усвои ребалансот на Буџетот за 2017 година.

- Ребалансот на Буџетот е првиот чекор напред кон градење подобро општество во Македонија. Предвидува сериозни ограничувања поради зголемениот јавен долг изминатите години и високите недоспеани обврски, како и поради ризиците поврзани со недозволените грешки во тековните проекти - истакна министерот за финансии Драган Тевдовски.
Тевдовски потсети дека ребалансот ги крати непродуктивните трошења на Владата и институциите за 122 милиона денари, а другите тековни расходи (репрезентации, економски промоции, рекламирања) за 257 милиони денари, за да се обезбедат нови политики и мерки кои ќе значат поддршка на домашните фирми и стандардот на граѓаните.
Ребалансот се темели на проекција на раст на БДП од 2,2 отсто, буџетскиот дефицит е проектиран на 18,57 милијарди денари, вкупните приходи се ревидирани за 1,5 отсто надолу, односно за 2,87 милијарди денари, а социјалните придонеси согласно остварувањето се очекува до крајот на годината да имаат благ пораст во однос на иницијално буџетираните. Расходите, пак, наменети за стоки и услуги се скратени за околу две милијарди денари во однос на иницијалната проекција со Буџетот, додека договорните услуги се намалени за 902 милиона денара.
Капиталните расходи се ревидираат на 23,4 милијарди денари поради ниското ниво на реализација во првите шест месеци од годинава (8,7 милијарди денари). Извршено е намалување на средства кај капиталните проекти кои имаат забавена динамика на реализација на активностите во првата половина од годината.
На гласањето не присуствуваа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, заради тоа што не беше прифатен ниту еден од амандманите што тие ги поднесоа.

ЗА НАС

Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија е професионално здружение на сметководителите и овластените сметководители, основано во согласност со Законот за вршење на сметководствена дејност. Институтот се основа со цел унапредување на сметководствената професија и организирано делување.

КОНТАКТ ИНФО

Ѓуро Стругар бр.5
(зграда Технометал Вардар)
кат 1, лок 132/133
1000 Скопје, Р. Македонија

+389 (0)2 3200030

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Жиро Сметка
Прокредит Банка
380-1771093051-38

НЛБ Тутнска Банка
210-0682971602-69

 

Веб-страницата на ИСОС користи колачиња (cookies). Колачињата (cookies) се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство. Повеќе информации за начинот на користење и како да ги промените Вашите подесувања за користење на колачињата, може да најдете во документот Политика за колачиња (cookies).