×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 561

Трошоци на живот, јули 2017

07 Август 2017

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во јули 2017 година, во споредба со јули 2016 година, бележи пораст од 1.2%, а индексот на цените на мало бележи пораст за 2.9%.

Индексот на трошоците на животот во јули 2017 година, во однос на претходниот месец, изнесува 99.4, а индексот на цените на мало 100.0. 

Намалувањето на индексите на трошоците на животот од 0.6% во јули 2017 година, во споредба со претходниот  месец, е резултат на пониските индекси на свежиот и разладениот зеленчук освен компирот за 10.6%, јајцата за 1.7%, млекото за 1.2%, брашното и другите житарици и шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 1.1%, изнутриците за 0.8% и другите пекарски производи за 0.5%. 

Исто така, во јули, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај течните горива за домаќинствата за 6.4%, автомобилите и течните горива и мазива како дел од опремата за сопствени сообраќајни средства за 4.2%, гасот за домаќинствата за 4.1%, средствата за чистење и одржување на станот за 3.0%, болничките услуги за 2.9%, обувките за 1.1%, градините, растенијата и цвеќињата за 0.7%, цврстите горива за домаќинствата за 0.4%, малите електрични апарати и опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики за 0.3%, ткаенините, електричната енергија за домаќинствата, телефон и телефакс апаратите и телефон и телефакс услугите за 0.2%. 

Пораст на индексите на трошоците на животот во јули 2017 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежото и разладеното овошје за 2.6%, сувото овошје и јаткастите производи за 2.5%, другите прехранбени производи за 0.8%, безалкохолните пијалаци за 0.7%, оризот, другите преработки од месо, рибата и морските плодови и замрзнатиот зеленчук освен компирот за 0.5%. 

Во јули, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај авионскиот превоз на патници за 13.2%, информатичката опрема за 5.2%, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 5.0%, услугите за сместување за 4.8%, пакет-туристичките аранжмани за 2.2%, велосипедите за 0.3% и текстилот за домаќинствата за 0.2%. 

Целосното соопштение како и табелите со податоци се достапни на следниот линк.

ЗА НАС

Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија е професионално здружение на сметководителите и овластените сметководители, основано во согласност со Законот за вршење на сметководствена дејност. Институтот се основа со цел унапредување на сметководствената професија и организирано делување.

КОНТАКТ ИНФО

Ѓуро Стругар бр.5
(зграда Технометал Вардар)
кат 1, лок 132/133
1000 Скопје, Р. Македонија

+389 (0)2 3200030

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Жиро Сметка
Прокредит Банка
380-1771093051-38

НЛБ Тутнска Банка
210-0682971602-69

 

Веб-страницата на ИСОС користи колачиња (cookies). Колачињата (cookies) се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство. Повеќе информации за начинот на користење и како да ги промените Вашите подесувања за користење на колачињата, може да најдете во документот Политика за колачиња (cookies).