×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 561

НБРМ: Девизните резерви во јули намалени за 126,6 милиони евра

08 Август 2017

Вкупните девизни резерви во земјава заклучно со 31 јули 2017 година имаат вредност од 2.273.300.000 евра, покажуваат податоците на Народната банка на Република Македонија.

Еден месец претходно државните девизни резерви беа на ниво од 2.399.900.000 евра или 126,6 милиони евра повеќе во однос на јули.

Според податоците на НБРМ, во јули минатата година девизните резерви изнесуваа 2.588.200.000 евра, односно за 314,9 милиони евра повеќе во споредба со јули оваа година.

Вредноста на монетарното злато во јули беше 239.000.000 евра или 2,1 милиони евра помалку во однос на претходниот месец. На крајот на јули 2016 година, монетарното злато беше на ниво од 262.400.000 евра.

Податоците на НБРМ за официјалните девизни резерви се достапни на следниов линк.

 

ЗА НАС

Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија е професионално здружение на сметководителите и овластените сметководители, основано во согласност со Законот за вршење на сметководствена дејност. Институтот се основа со цел унапредување на сметководствената професија и организирано делување.

КОНТАКТ ИНФО

Ѓуро Стругар бр.5
(зграда Технометал Вардар)
кат 1, лок 132/133
1000 Скопје, Р. Македонија

+389 (0)2 3200030

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Жиро Сметка
Прокредит Банка
380-1771093051-38

НЛБ Тутнска Банка
210-0682971602-69

 

Веб-страницата на ИСОС користи колачиња (cookies). Колачињата (cookies) се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство. Повеќе информации за начинот на користење и како да ги промените Вашите подесувања за користење на колачињата, може да најдете во документот Политика за колачиња (cookies).