×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 561

Регулаторна комисија ги зголеми цените на нафтените деривати

08 Август 2017

Рафинериските цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 3,58%, а малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 2,28%, се наведува во Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика на РМ донесена на 07.08.2017 година.

„Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 62,00 ден/лит, на ЕУРОСУПЕР БС- 98 изнесува 63,50 ден/лит, додека на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 48,00 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 1,50 ден/лит и изнесува 37,00 ден/лит. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,516 ден/кг и изнесува 24,197 ден/кг. За сметка на трошокот на промет (малопродажна маржа), малопродажните цени на нафтените деривати во однос на највисоките цени (1 ГРУПА НА ЦЕНИ), можат да бидат намалени за: 0,5 ден/лит (2 ГРУПА НА ЦЕНИ), 1,00 ден/лит (3 ГРУПА НА ЦЕНИ) и 1,5 ден/лит (4 ГРУПА НА ЦЕНИ). Согласно погоре изнесеното, трошоците на промет (малопродажна маржа) за секој нафтен дериват пооделно изнесуваат: 3,200 ден/лит за (1 ГРУПА НА ЦЕНИ); 2,776 ден/лит за (2 ГРУПА НА ЦЕНИ); 2,353 ден/лит за (3 ГРУПА НА ЦЕНИ); 1,929 ден/лит за (4 ГРУПА НА ЦЕНИ), додека вредноста на малопродажната маржа за М-1 и М-2 за сите четири групи има иста вредност и изнесува 0,400 ден/кг“, се наведува во Одлуката на РКЕ.

ЗА НАС

Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија е професионално здружение на сметководителите и овластените сметководители, основано во согласност со Законот за вршење на сметководствена дејност. Институтот се основа со цел унапредување на сметководствената професија и организирано делување.

КОНТАКТ ИНФО

Ѓуро Стругар бр.5
(зграда Технометал Вардар)
кат 1, лок 132/133
1000 Скопје, Р. Македонија

+389 (0)2 3200030

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Жиро Сметка
Прокредит Банка
380-1771093051-38

НЛБ Тутнска Банка
210-0682971602-69

 

Веб-страницата на ИСОС користи колачиња (cookies). Колачињата (cookies) се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство. Повеќе информации за начинот на користење и како да ги промените Вашите подесувања за користење на колачињата, може да најдете во документот Политика за колачиња (cookies).