×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 579

Економско-социјалниот совет го разгледуваше ревидираниот Оперативен план за активни програми и мерки за вработување

24 Август 2017

Министерството за труд и социјална политика информира дека на седницата на Економско социјалниот совет (ЕСС) со која претседаваше министерката за труд и социјална политика Мила Царовска се разгледуваше ревидираниот Оперативен план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2017 година.

„ Со ревизијата се обезбедува поголема активација на младите лица во новите програми, се дава можност за вклучување во програмите на сите невработени лица, а не само на активните баратели на работа, вклучување на граѓанските организации, како и регионален пристап при имплементацијата и вклученоста на повеќе засегнати страни. Со ревидираниот Оперативен план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2017 година кај одредени програми врз основа на досегашната имплементација се направи корекција на бројот на опфатот на лицата, одделни програми се изоставија и се додадоа нови програми кои ќе обезбедат вклучување на пазарот на трудот претежно на млади невработени лица“, се вели во известувањето од Министерството за труд и социјална политика.

Во прилог го објавуваме Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2017 година.

ЗА НАС

Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија е професионално здружение на сметководителите и овластените сметководители, основано во согласност со Законот за вршење на сметководствена дејност. Институтот се основа со цел унапредување на сметководствената професија и организирано делување.

КОНТАКТ ИНФО

Ѓуро Стругар бр.5
(зграда Технометал Вардар)
кат 1, лок 132/133
1000 Скопје, Р. Македонија

+389 (0)2 3200030

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Жиро Сметка
Прокредит Банка
380-1771093051-38

НЛБ Тутнска Банка
210-0682971602-69

 

Веб-страницата на ИСОС користи колачиња (cookies). Колачињата (cookies) се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство. Повеќе информации за начинот на користење и како да ги промените Вашите подесувања за користење на колачињата, може да најдете во документот Политика за колачиња (cookies).