×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 561

Измени на Законот за сметководството за буџетите и буџетските корисници: Буџетите и буџетските корисници завршните сметки да ги објавуваат на интернет страниците

25 Август 2017

Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за сметководството за буџетите и буџетските корисници влезе во собранска процедура.

Во овој предлог-закон чиј предлагач е Министерството за финансии се предвидува буџетите и буџетските корисници да ги објавувааат завршните сметки на своите интернет страници. Објавувањето ќе се врши во рок од 15 дена од денот на доставувањето на завршната сметка до Регистарот на годишните сметки при Централниот регистар.
“Заради олеснување на пристапот на јавноста до податоците од завршните сметки и зголемување на транспарентност во работењето на буџетите на единиците на локалната самоуправа, буџетите и фондовите, корисниците и единките корисници на средства од буџетите, како и на другите правни лица за кои средствата за вршење на основната дејност претежно се обезбедуваат од буџетите, се предлага воведување на обврска за објавување на завршните сметки на интернет страница на буџетите и буџетските корисници”, се вели во образложението на предлог-законот.
Предлог - законот утврдува глоба за прекршок на одговорното лице на буџетите и буџетските корисници ако не ја објави завршната сметка на својата веб страница во законски определениот рок.
Со членот 3 од Предлог - законот се дефинира рок од 15 дена од денот на влегувањето во сила на законот во кој буџетите и буџетските корисници се должни годишните сметки за 2016 година да ги објават на својата веб страница.

ЗА НАС

Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија е професионално здружение на сметководителите и овластените сметководители, основано во согласност со Законот за вршење на сметководствена дејност. Институтот се основа со цел унапредување на сметководствената професија и организирано делување.

КОНТАКТ ИНФО

Ѓуро Стругар бр.5
(зграда Технометал Вардар)
кат 1, лок 132/133
1000 Скопје, Р. Македонија

+389 (0)2 3200030

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Жиро Сметка
Прокредит Банка
380-1771093051-38

НЛБ Тутнска Банка
210-0682971602-69

 

Веб-страницата на ИСОС користи колачиња (cookies). Колачињата (cookies) се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство. Повеќе информации за начинот на користење и како да ги промените Вашите подесувања за користење на колачињата, може да најдете во документот Политика за колачиња (cookies).