„Во второто тримесечје од 2017, најголем пораст е забележан во секторите: А - Земјоделство, шумарство и рибарство од 4.1%; Е, Ж и З - Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 3.9%; Ѕ - Информации и комуникации од 1.0% и И - Финансиски дејности и дејности на осигурување од 1.0%. Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во второто тримесечје од 2017 година номинално расте за 6.0%, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ изнесува 70.7%. Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 16.0%, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 7.3%“, се вели во соопштението од Заводот за статистика.
Бруто-домашен производ, второ тримесечје од 2017 година
Стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) за второто тримесечје од 2017 година е -1.8%, соопшти Државниот завод за статистика.