Правните субјекти немаат обврска до УЈП да достават образец “МДБ“ за извршена пресметка на месечните аконтации на данокот на добивка.
Месечните аконтации на данокот на добивка се утврдуваат во износ од една дванаестина од утврдениот данок во даночниот биланс за претходната година зголемени за процентот на кумулативниот пораст на цените на мало во Републиката од претходниот период од годината односно до 31 јануари наредната година, во однос на просечните цени на мало во претходната година.
Процентот на кумулативен пораст на цените на мало за месец август 2017 година изнесува 2,5 отсто.