Соопштение за јавност

26 Јануари 2019

Почитувани,

Приближувањето на периодот за достава на годишни сметки за 2018 година и даночните биланси за 2018 година до надлежните органи во Република Македонија, повторно го актуелизира проблемот со нелојалната конкуренција со која се соочуваат членовите на Институтот на Сметководители и Овластени Сметководители на Република Македонија.

Основниот проблем со кој се соочуваат нашите членови, е вршењето на сметководствени работи, достава на годишните сметки и даночните биланси од страна на лица кои ги злоупотребуваат определени недоречености во постоечкиот Закон за вршење на сметководствени работи, па на тој начин без да сносат соодветна одговорност и нанесуваат огромна штета на општествената заедница, непочитувајќи ги одредбите од именуваниот закон и без да бидат предмет на санкционирање ги „поткопуваат“ професионално стекнати лиценци за работа на вршителите на сметководствената дејност кои во целост ги исполнуваат сите услови од Законот за вршење на сметководствени рабоги и другите позитивно правни прописи во Република Македонија.

Со оглед на погоренаведеното, како и реално објективните барања на нашите членови искажани во повеќе наврати во изминативе години, ја информираме јавноста дека во целост го подржуваме организираниот мирен протест закажан за 29.01.2019 година во 12 часот кој треба да се одржи пред седиштето на Владата на Република Македонија, со надеж дека на овој начин кај јавноста ќе поттикне чувство и развивање на поголема свест за значењето на сметководствената професија и конечно да оттпочне процесот кој ќе го спречи недозволеното вршење на оваа исклучително важна дејност за бизнис заедницата и општествената заедница во целина, од страна на лицата кои не ги исполнуваат соодветните законски критериуми и ги злоупотребуваат некои недоречености во постоечкиот закон за вршење сметководствени работи.

Покрај изразувањето на подршка до организаторите на предметниот протест, истакнуваме дека и ние Членовите на управниот одбор на Институтот за сметководители и овластени сметководител кој ги обединува сите сметководители и овластени сметководители во нашата држава, ќе побараме прием кај Премиерот на Република Македонија, г-динот Зоран Заев, со цел превземање на конкретни чекори за решавање на проблемите со кои се соочуваат нашите членови.

Ги повикуваме сите наши членови сметководители и овластени сметководители од целa држава да присуствуваат на овој мирен протест закажан на 29.01.2019 год. во 12 часот.

 

 

Со почит,

Од Членовите на Управниот одбор на ИСОС,

ЗА НАС

Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија е професионално здружение на сметководителите и овластените сметководители, основано во согласност со Законот за вршење на сметководствена дејност. Институтот се основа со цел унапредување на сметководствената професија и организирано делување.

КОНТАКТ ИНФО

Ѓуро Стругар бр.5
(зграда Технометал Вардар)
кат 1, лок 132/133
1000 Скопје, Р. Македонија

+389 (0)2 3200030

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Жиро Сметка
Прокредит Банка
380-1771093051-38

НЛБ Тутнска Банка
210-0682971602-69