Испечатете ја страната

Важно известување за лиценцираните Друштва за вршење сметководствени работи, ТП-Овластен сметководител, ТП-Сметководител

26 Март 2019

Почитувани,

По барање на УФР во согласност со член 115 став 1 и 2 од Законот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам (Сл.весник 120/18) задолжително треба да доставите податоци за сите ваши клиенти (правни лица) за кои водите сметководство и сте овластен сметководител. Во прилог ви доставуваме Табела бр.26 во која треба да се внесат податоците за клиентите (правни лица) и да се достават до Институтот на сметководитеоли и овластени сметководители на РМ што е можно побрзо но најдоцна до Петок 12.04.2019 година. Пополнувањето на сите полиња со податоци во Табелата бр.26 е задолжително без исклучок.Стручната служба на ИСОС консолидираната листа од прибраните податоци за клиентите (правни лица) ќе ја достави до УФР со цел превземање на активности од УФР за навременото пополнување и внесување на податоците во Регистарот на вистински сопственици, по неговото воспоставување согласно одредбите од Законот за СППФТ(Сл. Весник 120/18).
Табелата доставете ја на следната email адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Со почит,
ИСОС