Известување

28 Март 2019

Потсетување на објава  од 31.01.2019 во врска со ЗСППФТ

Почитувани,
Сите вршители на сметководствени работи, согласно Законот за вршење сметководствени работи, Ве известуваме за следното:


Согласно Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам (ЗСППФТ) објавен во Сл. весник на РМ. 120 од 29.06.2018 година, ги имате следните обврски кои неодложно е потребно да ги исполните:


- Должни сте со своја одлука да именувате овластено лице и негов заменик постапувајќи согласно член 57 став (1), (2), (3), (4) и (5). Секој вршител на сметководствени услуги има обврска согласно истот член 57 став (13) да ја извести Управата за финансиско разузнавање (Управа) за овластените лица и нивните заменици, доставувајќи ја одлуката со име и презиме на овластените лица и нивните контакти.

 

* Одлука

 

- Субјектите вршители на сметководствени работи имаат обврска од воведување и примена на Програма за ефикасно намалување и управување со идентификуваниот ризик од перење пари и финансирање тероризам во склад си член 11 од ЗСППФТ каде е определена и содржината на програмата. Раководството во субјектот должно е да ја донесе програмата, редовно да ја следи и оценува нејзината адекватност, усогласеност и ефикасност и доколку е потребно да ги засили мерките кои е должен да ги превзема. Програмата имате обврска да ја чувате заедно со останатите потребни документи во својата архива.

НАПОМЕНА> Програмата за ефикасно намалување и управување со идентификуваниот ризик од перење пари и финансирање тероризам НЕ се доставува во Управата освен по нејзино барање .
НАПОМЕНА> Имајте во предвид дека доколку програмата НЕ е усогласена со ЗСППФТ ќе се смета дека истата НЕ е доставена.

Институт на сметководители
и овластени сметководители на РМ

ЗА НАС

Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија е професионално здружение на сметководителите и овластените сметководители, основано во согласност со Законот за вршење на сметководствена дејност. Институтот се основа со цел унапредување на сметководствената професија и организирано делување.

КОНТАКТ ИНФО

Ѓуро Стругар бр.5
(зграда Технометал Вардар)
кат 1, лок 132/133
1000 Скопје, Р. Македонија

+389 (0)2 3200030

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Жиро Сметка
Прокредит Банка
380-1771093051-38

НЛБ Тутнска Банка
210-0682971602-69