Најнови информации

 

Почитувани даночни обврзници,

Ве информираме дека Управата за јавни приходи започна со активност која ќе ги опфати обврзниците на данок на личен доход (физички лица) за кои во Годишната даночна пријава за утврдување на данокот на личен доход ДЛД-ГДП за 2019 година е утврдена разлика за доплата на данок на личен доход, а во даночната евиденција сè уште не е евидентирана уплата на утврдената разлика за доплата, односно не е евидентирана уплата по налогот за плаќање издаден од Управата за јавни приходи.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во септември 2020 година, во однос на претходниот месец, изнесува 99.8, а индексот на цените на мало изнесува 98.9.

Намалување на индексите на трошоците на животот во септември 2020 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежото и разладеното овошје за 4.5 %, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0.7 %.

РЕЗУЛТАТИ ОД АНКЕТА

Почитувани,

Во прилог на овој текст резултатите од спроведената анкета во врска со измени на законските решенија во сметководствената професија и моменталините состојби од 1130 учесници во истата.

* Резултати од анкета

Со почит,
ИСОС

Една од мерките на овој пакет број 4 за справување со последиците од КОВИД-19 е - Бришењето на условот за собирање поени од Континуирано професионално усовршување (КПУ) за продолжување на лиценца за сметководители.
Корисници на оваа мерка се 9.360 регистрирани сметководители, за кои во 2020 година нема да важи условот за собирање поени од Континуирано професионално усовршување за продолжување на лиценцата сметководителите.

 

Во прилог оригиналниот линк од Влада на РСМ.

https://vlada.mk/node/22629https://vlada.mk/node/22629

Почитувани,

Владата на Република Северна Македонија на седницата одржана на 29 мај 2020 година, донесе Уредбата за изменување и дополнување на Уредбата за примена на Законот за трговски друштва за време на вонредната состојба, објавена во Сл.весник бр.140/20 од 29.05.2020 година

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.09/2020 за долгови доспеани до 31.05.2020 и неплатени до 31.08.2020 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е:

повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и
повисок од 300.000 денари за правните лица.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во јули 2020 година, во однос на јули 2019 година, изнесува 109.0.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Образование (13.8 %), Дејности на здравствена и социјална заштита (12.6 %) и Информации и комуникации (12.2 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (9.0 %), Уметност, забава и рекреација (6.8 %) и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (6.6 %).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во јули 2020 година, изнесува 40 640 денари.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јули 2020 година, во однос на јули 2019 година, изнесува 108.5.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Образование (12.7 %), Информации и комуникации (12.4 %) и Дејности на здравствена и социјална заштита (12.3 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (9.1 %), Уметност, забава и рекреација (7.1 %) и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (6.6 %).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јули 2020 година, изнесува 27 231 денари.

Страница 1 од 113

ЗА НАС

Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија е професионално здружение на сметководителите и овластените сметководители, основано во согласност со Законот за вршење на сметководствена дејност. Институтот се основа со цел унапредување на сметководствената професија и организирано делување.

КОНТАКТ ИНФО

Ѓуро Стругар бр.5
(зграда Технометал Вардар)
кат 1, лок 132/133
1000 Скопје, Р. Македонија

+389 (0)2 3200030

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Жиро Сметка
Прокредит Банка
380-1771093051-38

НЛБ Тутнска Банка
210-0682971602-69