Најнови информации
Народната банка на Република Македонија најавува одржување на Десеттата јубилејна конференција за плаќања и пазарна инфраструктура со наслов: „Двигатели нa интеграцијатa на плаќањата во Европа – иновации и соработка“. Конференцијата се организира во соработка со централните банки на Холандија и Португалија, а ќе се одржи во Охрид, хотел „Инекс Горица“, во периодот од 5 до 7 јули 2017 година.
Народната банка на Република Македонија објавува извештај со најновите основни економски покажатели. Во прилог ја пренесуваме информацијата.
Управата за јавни приходи информира дека во случај на неподнесена МПИН пресметка, УЈП ги утврдува придонесите по службена должност, согласно измените и дополнувањата на член 23 од Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување од 17.10.2016 година.
Управата за јавни приходи информира дека сите даночни обврзници кои имаат обврска да поднесат Пријава за регистрација за данокот на додадена вредност (образец ДДВ-01) истото треба да го направат со поднесување на новиот образец ДДВ-01 објавен во „Службен весник на Р.М.“ бр.216/16 од 15.12.2016 година, кој е достапен на веб страницата на Управата за јавни приходи на следниов линк http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/189
Стапки на придонесите од задолжително социјално осигурување
Врз основа на член 9 од Законот за изменување и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување („Службен весник на РМ“,бр.180/2014), стапките по кои се пресметуваат и плаќаат придонесите од задолжително социјално осигурување почнувајќи со исплата на платата за месец јануари 2017 година, не се променети во однос на 2016 година.
Најдоцна до 25 овој месец фирмите имаат обврска на работниците да им издадат збирна пресметка за исплатени приходи, платен персонален данок и придонеси за минатата година.
Најдоцна до 15 март задолжително треба да се поднесе годишна даночна пријава, доколку во изминатата 2016 година, освен плата или пензија или приход од земјоделска/самостојна дејност, се остварени и дополнителни приходи.